Мајки зедов готова кашичка слива и јаболко ама бебе не ми ја јади баш. Вчера дадов со овес денес со авокадо, неуспешно. Ај идеја со што друго да комбинирам? Со тиква оди ли?
Како ги правите кашите мазни Колку време ги блендирате? Имам рачен блендер од бош ама некако како парчиња има
Просо со што давате и како го готвите? Од вечер да кисне или директно? И колку просо е доволно со колку вода?
Со што да воведам блитв Го киснам од навечер една лажица ставам просо вода од прилика и варам додека не ја упие цела вода, ставам овошје или зеленчук и блендирам со рачен блендер. Мерките ми се одприлика бидејќи предходно сум си варела и за себе па горе доле знам колку треба да ставам. Мислам односот беше 1 со 3 ако не се лажам види и на упатството треба да пишува помалку просо многу повеќе вода
Може овие да ги спремам со водата од овошјето или мора исклучиво со млеко? Пошто ад не пие, само на цицање е, а за молзење немам толку.
А тие што се на доење не смее да им се прават кашички со ад? И мојава беше на ексклузивно доење. И уште си цица. Вчера и направив гриз со ад. Денес овес со ад. Не треба да ги правам со ад? Прашувам пошто не знам.
Мојава дефинитивно несака просо амарнт и тие такви зрнести, и ги блендирам ама џабе не ги сака. Палента и ориз јаде, остана овес сега да и воведам друго нешто немам идеа за појадок. Уште малку почнуваме ручек па оривчето ке оди за ручек време.
Не мила, туку немам воопшто ад дома и да не купувам само за кашичката. Секако дека може со ад, туку во упатството пишуваше да се направи со млеко, па затоа прашав да не е грешка ако ја напраам со вода. Ја спремив со водичката од јаболчето. Кашата + слива + јаболче си ја изеде цела. Колку пати неделно давате житарици за појадок?
Мами денес за прв пат дадов готова кашичка од брокула, ама бебето не ми ја јадеше. Кажете ми со што да ја искомбинирам и пак да му дадам. До сега имам внесено јаболко, морков и слива
Млад кромид кога може во каши да се става? И дали некој ги има користено житаркиве и овој ориз наместо обичен кочански вака што читав доста добар и брзо се прави со вода или млеко dm bio reisflocken zartschmelzend https://www.dm.rs/babylove-organska-kasa-za-decu-od-3-vrste-zitarica-od-6-meseca-p4058172903809.html
Не ги сака и мојава. Ги варев и блендирав и се давеше секоја лажичка што ја нудев мислев ќе се засркне од некое топче внатре пошто колку и да блендираш пак не е мазно. И затоа просо земав на холе инстант и таква каша давам. А палентата не ми ја засака ни од кутија. И јас за појадок вртев ориз иако за ручек е пологично. Ама немав што. Сега воведов и гриз. Ќе вртам просо, гриз,овесна каша. Сите од кутии. Имам и од хип multigrain деновиве планирам да ги дадам. Што ќе правиме вака,најголем противник бев на блендирано. Сакав директно пасирано да давам. Ама госпоѓицава не сака.
Можеш , само мојава не сака ни да ги помириса кашите со ад што и ги правам , дури и инстант млечните не ги јаде