Па да ти кажам и имаат некој мирис од адаптираното. Вчера така ми мирисаше таа со гриз, денес истиот мирис и со овес. Значи до млекото е. Babylove млеко зедов јас. И мојава не е нешто воодушевена. Со вода повеќе ги јаде со млеко ги остава, не ги јаде цели. Ама со млеко ваљда повеќе ја заситуваат што знам.
Од кој овес даваш, да земам утре и да и воведам и тоа. Најтрагично и каша со просо, јаболка и банана од дм ма јок ја неќе или тогаш баш со забите и не ми ја јадеше, ќе а пробам пак со таа дека е мазна па да видам дали ќе јаде. али затоа зеленчукови каши, мевце телешко и дадов ја пробав се јаде тоа и кромид сака многу( како мајка и ) Ќе блендираме што да правиме, за да јадат само. Али сега ќе воведам ручек па помалку варијанти ќе ми останат за појадок
Овесна каша од дм давам од кутија. А само гриз не давам од кутија. Тој плавиот со бебето, на злато поље го користам.
Зедов ноќна каша во кутија од Хип, со слива, дали сабајле да ја воведам за доручек за во случај на реакција некаква? Големиот имаше од тие во теглички ноќните реакција, ми е страв и оваа да ја давам прв пат толку доцна. Кои други каши се добри за трет оброк, што давате вие? Дали абц сирење давате или само урда? Не можам да најдам несолена.
Во цуцлите за овошје/зеленчук и ставив на мојава нејадачка банана и ја исцица ко усисивач. Ме интересира јаболче или круша дека се потврди овошја ги ставате како цело парче или па рендано да може полесно да го цица?
Прво 100ml вода зовирам и додавам 2 или 3(мислам) лажици со дозерка од АД. Да биде погуст. И после додавам и адаптирано млеко. И се изедначува смесата. Да не биде многу густ. Додавам и овошје.
@V.N. @shz @Doktor F А во овие цуцливе ставате овошје во било кој дел од денот? Пример можам да и давам после пладне? Ја купив и уште не сум ја употребила.
Вчера и денес за доручек и дадов гриз , да и воведам глутен , е сега дали може и вечерва да и дадам од тие ноќните готови со гриз и банана ?
Јас давам една овошна каша 3 дена , стои во фрижидер.Моето бебе сака ладно, не топлам ништо, го оставам еден саат само на собна тт пред да јаде и толку.Заради забите бебињата преферираат ладни оброци и така повеќе јадат тоа ми е кажано од педијатар и има логика до некаде.