Оризова каша имам на хип, како ја спремате со вода? Се изначитав научна фантастика од позади на кутијата, со АД, со овошна каша, со пола млеко и пола вода
Со вода, малку изладена, да не е одма после вриење. По малку ставам и мешам дури не добијам густина каква што треба, мерките од кутијата врска немаат
За покачување на железо најефикасно е жолчка, телешко месо, леќа, суви кајсии, какао, семе од коприва, спанаќ.
Купив киноа, амарант и овес. И до тука знам. Како се припремаат? Со што ги мешате? И дали може био да давам наместо бебешки?
Женски , од цврста храна до млечен оброк колку треба да е временската разлика? Пример ако сабајле во 7ч дадам млеко, кога да дадам доручек? После доручекот после колку време давам млеко ,па ручек? Вака некако ко табелава, само не знам на колку часа.
Дали можеш да ми ја сликнеш кашата од овес? Бев во дм капитол неможев да ја најдам, прашав вработената се чудеше и таа
Мене педијатарот ми рече на 3 часа , е сега мојава ретко додржува да е сита 3 часа , ама гледам да не биде почесто од 2,5 часа, од 2,5 до 3 часа , доручек и давам во 9 , па цица во 12 , па ручек во 15h ,од прилика така ни иде нас редот
Дали може ова кисело млеко да го дадам , и со што во комбинација освен палента , сега јадеше палента со јогурт , па да не и повторувам за доручек
Јас инстант кашите ги мешам со обична вода(користам изворска) стои на собна тт, не ја топлам.така правам и ориз и палента од хип и една од холе мешани житарки ориз палента и просо.Правам 2/3 житарки и додавам 1/3 готова овошна каша ама не ги мешам.му црпнувам прво од житарките па од овошјето одозгора и така јаде.Нејке топло ништо.