И моето така, на крај почна од едно шише од 150 ден да пие а тоа го купив на почетокот кога не ми беше средена лактација за да чувам измолзено млеко
https://www.dm.de/babylove-milchbrei-banane-ab-dem-6-monat-p4066447355215.html Ja има некој давано оваа каша за вечера?
Официјално имам бебе нејадач. А шоубаво си јадеше на почетокот. Не знам што се случи, кај згрешив. Ама луѓе тоа каков инат е, нема шанси да отвори уста, не сака ниту да проба. Веќе цела недела апнува неколку лажички и тоа на сила, морам да го насмеам убаво па да му бутнам лажичка во уста. Решив да не форсирам. Ќе пробувам секој ден и ќе си фрлам додека тој не реши дека ќе јаде. Дај кажете совети, што правите кога не јадат? Давате млеко веднаш после оброк? Или нудите каша почесто? Не сум паметна, не знам како да се сносам со ова сега. Ми се плаче!
Мами, ние сме 5 месеци. Со пробување на вкусови започнавме на 4++ До сега имаме пробано: готова кашичка од јаболко, морков, тиква, слива и брокула. Утре планирам да дадам банана,а по 3 дена круша. Што уште можам да дадам компир, тиквичка, бараат, палента, ориз и авокадо ли? И дали веќе можеам да воведам еден оброк, бидејќи бебето си ги сака кашичките?
Немој да си таков песимист, знаеш уште колку вакви периоди ќе има? Живци ќе искинеш. Нормално е, во скок е, после заби ќе бидат проблемот, секогаш ќе има нешто. Твое е да нудиш секој ден без нервоза. Пробај на тераса да седнете, во парк, биди циркузант, било што само не го навикнувај на тв во момент на очај. Ќе почне пак да јаде, не се секирај. Секако млекото си е примарна храна, гладен нема да биде.
Ние сме 5+++ од старт јаде по толку, 6-7 лажички максимум. Не форсирам, давам колку сака, изигравам циркузант додека јаде, мњами викам, ставам 4-5 лажици, со една и давам со друга она сама си меша, се прави лом, со трета божемски јас јадам Околу нас кога јаде е лом, пола на под, на алишта, на коса Не и бутам со сила за да не и створам аверзија кон храна. Читав дека треба детето да се остави само да ја пипне храната, ако покажува интерес да му се дава лажичка да ја става само во уста, да пипка со прстиња во тањирот.. Епа сето тоа почнав да го применувам и веќе не се нервирам што ни е лом што врз нас што доле, битно ми е да пројаде. Мајка ми вика иста ти што очекуваш Ако имам успех ќе пишам, спреми се за хаос
Каков зеленчук давате, од маркет или купувате посебно органски?Исто и овошје?Јас до сега само еднаш банана дадов парче свежа друго све од готови каши.Треба сега да почнам и зеленчук да му давам, дали да му дадам од истиот кој го купуваме за нас или да купувам органски, има една продавница демек органски зеленчук и овошје продаваат ама се изгор скапи, поефтина ми е готова каша.Давате ли замрзнат зеленчук од тие на фриком или слични?
Јас ја имам давано на поголемото синче, убава е.Гледај да е што помрсна со повисок процент на масленост.Јас давав и абц сир јуниор само не се сеќавам точно од која возраст, може да е и после година пошто сол знам не давав ич до годинка.И кај павлаката внимавај колку сол има.
Јас се свежо давам. Ако нема нешто сезонско, а треба да го дадам, тогаш купувам готова каша. Само еднаш имам дадено готова, се друго готвам. Житарки купувам од органска продавница, а за овошје и зеленчук, какво што јадеме ние, такво даваме на бебето.
Не сум пуштила тв фо сега и со сите сили се борам да не наседнам на тоа. Реално психички се напнав деновиве барајќи вина во мене, што сторив, каде згрешив за да смени вака. Дали го форсирав, не знам. За една недела имаше оброк, а сега пак се враќаме на вкусови. Многу, ама многу ми е криво Се сеќавам што ми пиша на мојот “план” со воведување ручек. Баш помислив тогаш колку е непредвидливо ако не јаде, а со мојот јадач може да си остварувам планови. Аха важи. Сега ми се одби како бумеранг. Секоја ти чест на позитивата и трудот. Приметив има желба да шлака со лажица во неговата чинија, ама јас му тргав раце за да не се прави лом. Од утре бањање после јадење, мора да го направам забавен овој чин инаку на раб сум да се откажам и да си биде цел живот на млеко
Купив бејби спанаќ пишува да се чува во фрижидер до 5степени. Ме интересира како го чувате вие? Колку време може да го чувам вака откако ќе го отворам, или треба да го замрзнам? И дали оди спанаќ со пилешко? Имам каша од пилешко. Сакам да ја дадам со спанаќ, морков,компир и брокула.