Почнавме со кашички и вода на точно 6-от месец. Добро ни оди (пу пу) Стрвловци сме... (До тогаш не давав ни вода, освен кога му ги давав витаминските апчиња во лажиче) До сега сме пробале повеќе намирници што се предвидени за од 5ти месец да не ги набројувам горе доле тие се нели, но меѓу кои и месни каши (пилешка и телешка). И, и нив ги сака.Не тестирав еден вкус 3 дена заради алергиски реакции,освен што му давав прв пат само морков, па втор пат само јаболко, трет пат компир и морков...и на крај му ја рековме 'свередум' Немаше ништо фала богу. Засега сум задоволна. Вода сакаме.Исто така ја пиеме од чаша а не шише со цуцла. Малку мм се лутеше да не го форсирам, но бебе само покажуваше знаци на заинтересираност, и се научи. Пиеме со чаша со цефка (не клунче туку цефка ) Да. Среќна сум. Сега нема молкнење цуцли со нас никаде. Посакувам се најубаво кај сите бебиња и мајки. Убав ден на сите
Супер, и јас со второто не тестирам 3 дена ама со алергените мораш. Не даваат знаци сите од прв ден ако е полесна алергија.
Оној на фоод бар така ништо посебно го виткам со ластиче и во фиоката во фрижидер го чувам ќе видиш самиот ќе оочне полека да замирисува кога не е окау јас купив огромно претходниот пат па пита за нас правев да не ми скапе хаха И ставам сега во секоја каша по неколку ливчиња динстани такс да со се оди
Па за старт месото (мојот е алергичен на пилешко). Глутен, јагода, риба, белка, јаткасти, мед. Оф топик, исто внимавајте на животни и таа е доста честа алергија. Инаку, јаде пилешко ама ако јаде почесто од 1-2 пати неделно се исфрла. Наутот на пример одма покажа алергија, два пати што пробав одма се исфрла. На патлиџан не е алергичен ама на киселините во кечапот реагира. Има заебанции.
Мама а обично се исфрла кога има алергија на нешто по цело тело така? И што превземате во тој случај? Оф топик малку ама да знаеме ние понеискусните..
Кај моево да, најчесто по цело тело на слабините најмногу. Зависи колку е силна алергијата, ако е само исфрлање тогаш паузирај минимум 1 месец за да се исфрли алергенот од телото и да пробаш пак. Ако покажува и други знаци како отекување, отежнато дишење тогаш трчаш на итна Јас дома никогаш не сум имала сируп за алергија превентивно ама и не сум имала потреба да дадам, а не е лошо да се праша педијатар. Не мора да биде исфрлање, може да биде поцрвенување околу уста, тоа досега го имало кај нас. За повеќе не би знаела да кажам, може некоја друга ќе пише.
Од кога почнавте со ужинки, со една или две? Што најчесто давате и колку количински од прилика, и дали ужинката е замена за млеко? Пример доручек 8, млеко 11 ручек 13:30? Како ви е редоследот
Ужина една воведов на 11 месеци оти големата јадачка нели. Не заменува млеко, давам најчесто шмукалче тие од 100гр, некое овошје, овошен јогурт, бисквити. Распоредот ни е шашав, некоја друга членка нека сподели. Мене ми е срам колку сме хаотични
Колку си искрена алал да ти е...и ние сме хаотични со јадењето..симнувам капа на тие што следат распоред за јадење.
И кај мене "ептен" јадачи па затоа да си прашам даваш на пример измеѓу оброците шмукалче па млекце? Значи да почекам уште малку 10 сме ние, ај ќе видам и матичната утре што ќе ми каже. Фала мами ❤️