Еве овде пишува дека е без глутен. Ама содржи јаболко, просо и пченка. Јас само јаболко имам дадено до сега, незнам како да дадам пченка и просо? Како внесувате пченка и просо?
Контактен дерматит. Првото дете имаше од домат и праска, а не е алергичен на нив. Од состојките имаше иритација на кожата и после миење се смируваше црвенилото. Ако е осип и се шири тогаш е алергија.
Jas imam od twistshake i babylove, lazicite od twistshake ne mi se svigjaat, pokje tie od babylove gi koristam
Ова алергија од храна ли е? Вчера и денес дадов круша, можно е од неа да е така? Синоќа имаше вакви две само околу уста, сега се прошири
После колку време од доручек давате млеко/ да цица? Ние уште не сме стигнати додуше до доручек, пробуваме вкусови ама после тоа нудам да цица и си цица како и нормално. Ако не понудам плаче, обично после доручек и се спие па може затоа, не знам.
Малово дека на ад е, му давам после пола саат да не го оптеретам, а поголемиот беше на цицање и му давав одма. Мораш да даваш зашто нема се уште цел оброк. Кога ќе почне да јаде минимум 100гр и оброкот ќе содржи јаглехидрати или скроб тогаш можеш да рачунаш дека е оброк и да не нудиш да цица. Битно е да си сигурна дека е најадена.
Јас планирам наредна недела да дадам телешко. 7+ сме, таман и ручек сакам да воведам. Ваљда не е рано, гладно ми е бебето Појадок секој ден разно овошје со житарици, и за пола саат сака да цица.. и обавезно ова време ми кенка, знам дека сака да јаде..
Не е рано, мојата е 7+, три оброци има од оваа недела. Доручек овошје плус житарица, ручек зеленчук, пилешко од кашичка има пробано, а телешко од понеделник ќе воведам. Кон крај на 7ми месец и жолчка. Навечер и давам млечна каша или палента со кисело млеко. И си цица плус
Mozes no ovoj e low fat, da zemas od tie so povisok procent na maslenost e podobro, taka se preporacuva.
Ај како за првпат овој ќе го дадам па ќе купам со поголема масленост нареден пак ако сака да го јаде. И дадов еднаш битолско к.млеко не го сакаше.
8+ сме, дадов вакво кисело млеко. Искрено не ни забележав какво сум купила кравјо или овчо. Сега се мислам ја утнав ли?
Мислам дека не е рано...ние сме 6 ++ па јадевме веќе и телешко и пилешко, и каша со мешовина на пченка, грашак, ориз и пилешко.... Овде (во Гер.) Има и каши со риба(лосос) за уште од 5-от месец. Се сложувам, некој погоре кажа скроз различно од препораки кај нас (се мешаат и алергени и неалергени) ... Еве на пример вчера лижна и лимон (чекајќи смешна реакција за киселоста, нему напротив му се допадна), додека некои велат цитрусни вкусови покасно Но добро, само да се што помалку алергични- па нека се навикнуваат ,нели
Браво! Ние еден оброк (тешки сме 10кг , 6++ ) ...така да уште од почетокот - 4от/5от пат почнав по повеќе во тањирчето, не само за вкус. Оти дете баш беше расположено да се најаде, не само да проба Нормално, во нормална граница , шала на страна
Па како што викаат (пошто и ние сме такви) , ако е напредно и 'изесливо' бебе...само напред и кркајте
Телешко и јас планирам од 6+, а со пилешкото нема потреба да се брза посебно ако не е домашно. И кај нас инаку пишува на кашичките со лосос 5 или 6+ ама тоа ја означува текстурата на кашата, а не од која возраст да се воведе.
Незнам дали сум лоша мајка ама моето бебе има пробано пилешко од неполни 6 месеци, телешко од 6 месеци. Глутен давам. Пилешко, телешко давам 2 пати во неделата со нешто зеленчук. Имам и јагода дадено од готовите овошни каши. Следната недела ќе дадам риба, а потоа и јајце. За 5 дена полниме 7 месеци. Може брзам, ама ете... За среќа реакции нема од ништо. Од 7 месеци ќе дадам и млечно( јогурт, кисело млеко) Не живеам во Мк па одам според препораките овде.