Додека воведувам жолчка може ли и за ручек да и ја давам? За појадок со што да и ја давам кажете предлог? Банана не сака ниту к.млеко и јогурт.
Далеку сме од цврста храна ама баш денес размислував за тоа што не е сезонско, а е на ред за давање, од претходно се замрзнуваат, чекате кога ќе излези сезонско, го има како кашички? На пример на моево бебе да речеме јагоди би се паднале за проба следен јануари. Поента да мрзнам од сега т.е кога ќе излезат поубави, нема. И јас би ги чувала 9+ месеци замрзнати. Да варам како компот исто конзерванси, шеќери. Значи по мое размислување да чекам кога ќе има следна година или да барам готови кашички тогаш. Јагодите само пример, исто и за други овошја и зеленчуци ми е прашањето.
Јас би замрзнувала или пастеризирала каши. За наредна зима така ќе правам како стасуваат производите од пластеник. Жолтка планирам да давам со тиквица, праз и компир, со тиква... Со било кој зеленчук @shz
Не знам дали и моето е правилно ама јас давам само она што е сезонско. Речиси воопшто не користам готови кашички. Месо, кромид, морков варам со водичката и во теглички мерка за оброк и потоа само дополнувам со друг зеленчук,житарка и сл.
Ние имаме 5 м. Имам дадено слива од кашичката на хип, но сега сакам да дадам био сушени од дм. Како да ги приготвам сливите? Да ги ставам од вечер во вода да отстојат и да ги изблендирам или Да ги ставам во вода од вечер да отстојат и после да ги сварам и изблендирам? И дали таква може да се измеша со инстант оризот во кутија што е на хип?
Еве дена по ред за ручек му давам 1/3 каша од брокула, си ја јаде без проблем, после пола саат цица и потоа по некое време повраќа во млаз , кашата надвор.Вчера првпат си реков прејаден е, ама денес исто се случи во ист интервал.Дали е од кашата?