Стави ги во топла вода да омекнат неколку минути па изблендирај ги и додај ги во инстат каша од ориз на пример.
Какви би биле замрзнати каши па одмрзнати, доста зеленчуци не се подгреваат. Како се пастеризираат каши, како ке знаеш дека не се расипани? Мене ми е шубе да давам така, пре ке направам од маркет како за нас така и за бебе.
Јас планирам да давам тоа што е сезонско и доколку најдам што е можно помалку третирано/домашно. И да се падне јагоди да проба пр на 7 месеци а треба на 11/12 карикирам, би дала на 7 или ако веќе строго се придржуваш до списоци и листи тогаш би дала замрзнато.
Лошо пишав, би замрзнувала сезонско како излегува од овошје и зеленчук. Или би пастеризирала каши. Се гледа по боја и исто како кај купечки треба да кликне капачето при отворање. Едит: линк до постапка за пастеризација https://www.facebook.com/groups/kashice/permalink/2399149056770755/?mibextid=Nif5oz
Пишав и во друга тема кај поголемите, ама овде сте поактивни. Кажете ми идеи за ужинка за едногодошно дете, кое сеуште е ма блендирана/ пасирана храна? Смокички и малку ѓеврече јаде ама не е тоа тоа, мафини, палачинки не сака. Првата ужинка пред пладне е овошје ама после не знам што. Кажувајте идеи.
Јас давав еден период на поголемото пудинг и овошен јогурт, исто беше само на каши , тие јоголино, и овошни јогурти јогобела.
Ми текна за овошен јогурт, утре баш дома ќе му направам да пробаме. Исто и пудинг може ќе сака. Ги враќам наназад мислењата со првото, зошто не паметам, и тој овој период бил исто со каши. Од премногу групи што гледам како бебиња лапкаат почна страв да ме фаќа за моево
Не. 2 дена обично. Првиот давам чисто тоа што воведувам, втор ден со нешто мешам, ептен ретко давам 3 дена.
На мисла ми е свинско кога да воведам? Ние дома само свиснко готвиме, оти имаме домашно ама не сум сигурна дали да и давам нејзе Инаку направи веќе годинка
Кога воведовте ручек? Месец и половина од како почнавме со вкусови, сеуште не јаде цела мала кашичка. Во најдобар случај половина, многу често само третина.
Еден месец од воведување на појадок, сега пред некој ден воведов ручек. Јас гледам да е најчесто саатипол до два од цицање па да давам оброк иначе имам приметено ако е порано не ја јаде цела кашичка