Фала мојава освен овошје Др ништо несака( оризот го дадов чист не го јадеше, и го дадов со слива го јадеше, после и дадов со морков пак не го јадеше). Инаку ние сме 5+ со вкусови почнавме на 4++ и до сега имаме пробано ( јаболко, круша, слива, морков, ориз, брокула и компир). Оризот може ли да се комбинира со било кое овошје или не? Вчера дадов компир не го јадеше, сега незнам со што можам да и го дадам да го јади. Брокула не јаде П.с. кажете ми рецепти со овошје и зеленчук заедно, за да бидат благи комбинациите за да ги јади Утре планирам авокадо да и воведам, со што можам да го искомбинирам?
Дали може денес да воведам благ компир? Обичен компир дадов чета, само еден ден или мора да давам 2 -3 дена? Бидејќи не ми го јади компирот, а немам моментално био јаболче да можам да го искомбинирам?
По правило викаат 2-3 дена, но искрено ова го следев само за првото дете. За второто само алергените ги воведував по 3 дена. Се друго давав по 1 ден, а вториот веќе мешав со нешто ново.
Јас до сега се сто имаме испробано му давав по 3 дена, првиот ден чисто му давав, а Др два дена мешано му давав. Инаку имам готова кашичка на хип јаболко и круша дали можам да ја измеша со обичен компир или не?
Има тука тема денешно мени за бебиња до 1 година, можеш таму да гледаш идеи, и на инста има профили можеш и таму. Јас компир мешам со морков и брокула, тоа имам воведено и не е баш воодушевена. Авокадо давав чисто вчера, прв пат, за некое чудо ова е единствено нешто што и се свиѓаше и отвараше уста, денес ќе давам со банана.
Не ми оди некако таа комбинација круша и јаболко и компир. Што друго од зеленчук има пробано? Со компирот можеш да измешаш молзено млеко или АД и ќе дојде како пире. Може така повеќе ќе го јаде. Додади и плус некој друг зеленчук што има пробано.
Јас не гледам мене што ми оди, мешам јаболко и круша скоро со се. Морков, компир и брокула е тешка за варење на мешето. Морков и компир предизвикуваат запек, а брокулата гасови. Според мене, подобро е брокула со јаболко или тиквица. Барем за мешето на моето бебе.
Па се тука што имам прочитано дека предизвикува запек/гасови кај нас немало проблем, можеби дека не јаде количински многу по 6-7 лажички, па затоа сме немале проблем. Да, затоа е и темава да си споделиме сите искуства и да побараме совет
Пробав со АД ама не сакаше да го јади. Дали може да и испечам морков и компир со мали вода во алуминиумска фолија?
Девојки цвекло идеи некои како давате свежо или варено малце и со што и за грашокот дилема имам кој е пдообар конзерва или замрзнат, купив замрзнат ама во комбинација и со морков па се мислам така да и дадам океј еј
Ние обожаваме цвекло со ориз и телешко мевце , цвеклото варено . За доручек исто цвекло со јаболка и палента..