Со колку гр. телешко месо почнавте на почетокот? Јас денес купив месо и го поделив на парична од 40-50 гр ама мајка ми ме замисли вика многу му е ко за почеток
Денес и дадов на мојава гриз ама со вода го направив не со АД. И ставив внатре од смукалчињата на хип со манго цело од 100гр. И плус пола од холе. Значи повеќе беше на овошје отколку гриз. Го изеде цел тањир. Може затоа не ми јадела претходно повеќе ги правев на житарица. Глутен имам воведено. Ама конкретно спелт мислам немам. Вечерва и дадов каша за добра ноќ на која пишуваше дека има спелт. Ако има некоја реакција што би можела да биде?
И јас со истото прашање дојдов. Гледам веќе Kalinaka го поставила. Купив 100 гр телешко. Го поделив на 3 дела. Значи по 30 гр. Го изблендирав со брокула, кромид, ориз. Испадна 300 гр каша. Ставив во тегличка од 100 гр, што значи уште помалку месо имало. Меѓутоа бебе ми поврати во млаз, три пати. А вчера исто дадов месо, никому ништо. Прашањето ми е... Дали многу месо давам? Дали е симптом на алергија? Со оглед дека доручекот беше во 9, ручекот со месо во 12, дали може сум го прејала? А цицаше 2-3 пати.
ПРАШАЊЕ Ние сме 6++ Почнавме со дохрана, со вкусови кои полека полека уште од почетокот бидејќи сме 'изесливи' премина во мини оброк Пример стануваме наутро, две доења па каj 12-13-14-15 часот (секој ден различно време во некое од наведениве) јадеме кашичка (некаква) Ама после тоа, најмногу еден час и бара повторно за цицање. Дали оброков не е замена за едно доење? Или малку давам дохрана (каша)? Кога се смета за цел оброк дека си дал? Кога е правилно да давам цел оброк? Незнам стварно... Или во ред е ова се досега? Пример една каша од 190гр (мешовина месо и зеленчук Хипп ) ја давам пола денеска, пола утре (еднаш дневно) . И водичка, и толку.. Малку е тоа за нашата возраст или не? А за до душа напредни сме..моментално сме 10кг, па си велам да не треба предвреме да наголемам и храна..
Прејадено е , затоа ти повратило , еден оброк заменува цицање , е сега ако му се цица нема ти гладно да го држиш до 12 , ама па ќе му го пролонгираш наредниот оброк
Мамиии дали сите матични имаат исти, универзални препораки околу воведувањето на цврста храна? Бидејќи очигледно немаат исти препораки кога да се започне со цврста храна. Ние сме 4+, сакам на полни 5 да почнеме со храна, матичната вели да почнеме на 6, но мене ми изгледа многу доцна. Не знам какви препораки ќе ми даде ама кога одиме на контрола некако набрзинка ми ги нафрла работите, а сакам некој убаво и детално да ме упати околу исхраната и новите препораки па си велам да го однесам и на приватно. Кој доктор од Систина би ми го препорачале за ова?
Мене матичната ми викаше најновите препораки биле од 4 месеци. А претходно од 6. Јас на 5 и пол почнав. Јас бев кај Марина во Ремедика. Па можеш и на 5 да почнеш со оглед на тоа дека барем во мојов случај скоро еден месец вкусови пробувавме не можев оброк да воведам никако. Се гадеше, со јазик ми ја буткаше лажицата. Потоа се навикна постепено. Само и зорт имаше со мешето додека навикна. Само и сега не е нешто голема јадачка хехе. Искрено ќе ти треба многу нерви на почетокот. Со среќа и со лесно. За систина не би знаела да ти одговорам .
Знам декабќе требаат нерви, затоа и сакам да почнам на 5 месеци, мислам дека е ептен таман според мене, 4 е рано, 6 пак многу доцна. Ќе видиме како ќе биде, фала ти на одговорот
Сите бебиња различно. Не е доцна. Јас на моја иницијатива сакав да си чекам точно 6 (дури и за вода) а до тогаш само доење. И немаше никаков проблем. Тие се мали 'сунѓери' Еве нашиот гледајќи не нас, сам се тегне со лажицата да се храни, вода пие (иако се прави жива вода ) и како да го правел тоа уназад, а уствари 6 месеци само цицаше Така да кај мене еве пример воопшто не важеше правилото да почнам порано, за да се уведе да не не несака случајно, оти незнае итн итн...
Моето е на комбинирана исхрана сега, АД и мајчино ама гледам дека сè почесто е гладен, пушта раце по храна на маса и нè гледа во уста како јадеме, мислам дека е спремен и време му е, сакам на 6 месеци веќе оброк да има.