Дадов неколку пати на хип, инстант. Има упатство позади, мада е научна фантастика. Јас со вода го приготвував, 100мл вода и две супени лажици ориз, можеш и една па ке видиш по самата конзистенција.
Си го прејала богами Немам воведено ручек јас ама не ли е мн брзо во 9 доручек па 12 ручек? Не може да им свари желудничето толку брзо храна. Може грешам ама пробај на поголемо растојание да даваш.
Старите препораки се дека со дохрана се почнува 6+, новите 4+. Бебиња кои добро напредуваат може да се пролонгира не мора одма од 4 месеци, бебиња што не напредуваат добро одн качуваат малку на килажа треба 4+ да почнат. На крај се е индивидуално и како ќе си одлучиш. Различни доктори ќе ти кажат разл мислења. Јас се консултирав со колеги од Белград, таму со житарки почнуваат, читав за Европа дека топ алергени воведуваат порано, нема унифициран став по ова прашање. Доктор од систина, било кој педијатар, кај двајца да отидеш ќе добиеш различно мислење.
Мислам дека преблизу ти се оброците. Кога прашав кое време да давам ручек, и јас појадок давам околу 9, ми рекоа околу 14:00 часот. Секако помеѓу тоа да цица.
Супер си напредува, машала. Од 4 месеци да се почне ми беше некако многу мал, од 5 некако ми е како идеално. Како и да е, значи нема некое правило по кое се водат и докторите...
Бебе цица кога сака и колку сака може да цица одма после кашичка, оброк се смета кога ќе изеде кашичка 100 120 грама до душа индивидуално е секое бебе е различно неможе сите да се по книга има бебе што си е јадач и може повеќе да изеде има некое и помалку му е доволно
Едно мало прашање. Како воведувате глутен? Што давате од глутенски производи? Завршив со сите безглутенски, следно ми е тоа на репертоар.
Можеш со било која глутенска житарка да воведеш. Најчесто воведуваат со гриз од пченица или од спелта. Можеш и со 'рж, јачмен. Постепено зголемуваш количина во оброците и следиш дали ќе има реакција: болки и подуеност во мешето и промени во столицата.
Може е глупаво прашањето ама бидејќи се подготвуваме да почнеме со цврста храна следен месец сакам да прашам, што во случај на алергија? Дали дома чувате сируп против алергии за не дај Боже? Или веднаш се носи бебето на лекар?
Сируп против алергија, но тоа во консултација со педијатар да одреди доза. Ако не помага сирупот тогаш на лекар.
Јас кога давав кикиритки, сирупот беше до мене за секој случај. А за засркнување гледав видеа за прва помош и како да распознаам choking и gagging и што да се прави во кој случај.
Мислам дека иста ќе бидам со сирупот Имам видеа селектирани по препорака што ми се пратени ама уште ги немам изгледано од што ми е страв да не треба вистински да се соочам со тоа. Ама да, мора да ги изгледам за во не дај Боже ситуации да можам да му помогнам на бебе.