Обично тоа не се такви алергии да треба веднаш и итно да се реагира. Не е на одмет да имаш сируп дома ама нема потреба да се плашиш, анафилактичен шок многу ретко, скоро и да не се јавува. Мене повеќе ме плаши ако недај боже почне да се дави и слично, страв ми е да мислам или дали ќе бидам способна да реагирам.
Ја овие два дена воведов пиперка сега треба да има растојание или можам друга намирница утре да воведам?
Не треба не , ама јас и правам зависи што намирница и внесувам , на пример кога и воведов брокула имаше мака со мешето па и направив пауза од ден два, не и воведував нова за да и се смири , инаку нема правило
Да се пожалам, многу тешко ни оди прифаќање на храна. На хранилка ставам мали парченца хран, никаков интерес не покажува, ќе и ставам во уста плука. И со каши е слично... што ќе се прави?
Значи денес прв пат после 2 медеци од кога почнав со дохрана изеде една цела каша за ручек. Инаку има 8 месеци и цицето и е приоритет. Кашата за да ја јаде треба да е ептен мазна, течна ама не премногу, ни топла ни ладна, купечка никако и така
Телешко+брокула+морков значи колку ја бендиса комбинацијава... првпат дадов телешко, не очекував да сака толку Мамин јадач Да давам утре пак телешко или да правам пауза? И што да давам за ручек кога не давам месо?
Ај јас да се искажам и прашам, а посебно вас мајки на нејадачи. Мојава е 9 ипол месеци, почнав со вкусови на 5 ипол. Значи овие 4 месеци јадењето и се сведуваше на 2 или 3 лажички пробување генерално, иако имаше околу 5 или 6 пати кога изела пола мала тегличка каша и многу денови кога не сакаше да јаде ич, дури ни 1 лажичка не можев да и протнам, некогаш плукаше ако успеам да протнам или уште пред да пробам да и протнам го местеше јазичето спремно како за плазење и не ни можев да и дадам, со се ложичката го туркаше. Е сега, забите ваљда и искочија 8 има, или пак и почна фазата за јадење, па почна веќе неколку дена да јаде пак по пола мала тегличка, или цела тегличка во цел ден. Обично и ја нудам цел ден зошто од куповните и давам. Како да почнам со воведување оброци, доручек, ручек, да чекам ли цел месец? Да давам само доручек, а не да нудам и во текот на денот, па по 2 недели или месец да давам ручек? Да не и го оптеретам мешето ако и давам различни каши за доручек и ручек, а сега брзо почна да јаде? Ама па голема е од др страна, 9 ипол месеци е. За тежина не и фали храна и од млеко досега одлично напредуваше, 10,3 кг е . @Yowannty @V.N. И др кои сте во слична ситуација дајте совет