Исти бевме и ние. Почнавме ден/два пред 5 месеци, за некој ден ке прави 6 и стигнати сме до 8-9 лажички што е супер и сум задоволна. Ја оставам да се шлака со храната, пипка со рачињата, се мачка по лице, глава, столчето е хаос ама тоа е. Биди упорна и не форсирај и не бутај со сила само, да не и створиш аверзија кон храна.
Јогурт каков купувате? И некој поупатен да ми објасни. Зошто смее јогурт, урда, павлака во 6ти месец, а кравјо млеко по 1 година? Не дека тргнав да дадам, чисто информативно. И со што го комбинирате?
Незнам дали ке ја прифати палентата, бидејќи сака се да е мазно изблендирано. Може ли палентата да се изблендира и да нема зрнца?
Јас купив од Зегин на почетокот и се зафркнав. Извини, ама на газ имаше вкус. Уште па лута зашто ми ја плука кашата. Кога ја пробав.... Би ти рекла подобро сама да си направиш.
Мами дали одговара комбинацијата? Инстант ориз + банана и 1/3 готова кашичка на хип од јаболко и круша?
Таман три оброка воведов цели и отидовме во Мк. И таму не сакаше зелечнукови и месо, дека готови и јадеше овошни и житарици. Кога се вративме, се разболе и сега ништо не јаде. Веќе требаше и мешунки да давам. Голема е, 8 ипол месеци, а има само 7460 кг. Се плашам да не е заради глутенот. Следен месец на систематски, па мора да видиме да не смета глутенот. На 6 месеци имаше околу 6900, значи пола кг качила за два ипол месеца. Не знам дали е во ред.