Пробував секако и блендирана и потечна никако. На крај пробав со пченкарно брашно, всушност и палентата е тоа, и пак нешто не ми ја обожава ама пробај. И мојава сака мазно да и е се
Според новите препораки се воведува сè порано. Претпоставувам тоа важи и за јатки. Некоја дала, ако да, од кој месец и од кои?
@hello-kitty.90 Немам совет за жал, исти сме. 9 полни месеци од пред некој ден е, со 10+ кг. 95% е сеуште на цицка. Некои денови и 100%. Зеленчук, житарки и месо ни под разно не проаѓа. Само овошни кашички. Па така му ги воведов сите овошки сем киви. Едно тегле јаде 2 дена, во подобрите денови на 3-4 пати во еден ден. Ама цицалче е. Педијатарката ми вели само упорност. Му треба време да сфати дека со храната нема да се намали сигурноста што ја осеќа кога е на цицка. Нели цицката покрај храна, е се она што е и мама. А да, мојов типичен балканец, лепче сака да си зобне. Беше мајка ми пред скоро, па ми измеси кифлички, така воведов белка. Сега сакам жолчка да почнам да му воведувам и онака ќе имам јајца периодов. Млечно од типот јогурт, павлака и моцарела исто му дадов, ама не е фан. Кравјо ни на ќерка ми не дадов, тек сеа после 3 години почнав да и давам ама ретко. Против кравјо сум и така. И не знам веќе што да му правам.. се мислам уште за палента дали да пробам… никој не ја јадеме..
Мојата ја обожава на Нутрино тиква и јаболко. Ја сака и чистата од тиква на Хип, ама првата е повкусна.
На секоја тегличка пишува колку време може да се чува после отварање во фриждер, само не смее да се јаде директно од неа. Пример овошните на Хип треба да се искористат во три дена, зеленчуковите и тие со месо 24 часа.
Мојот никако да прифати банана, сака понеутрални вкусови. Вчера за појадок круша, авокадо, банана. Прво направив круша авокадо и во еден дел стаив малку банана. Прво го понудив Делот со банана не го сака, после само круша авокадо јадеше.
Баш те мислев до каде сте. Само упорност. Секој ден нудење по неколку пати. Моето почна да јаде житарка со овошје, стигна до 100-130г. Сега уште да го тргнам и подојот тоа време и најсреќна ќе сум. Ручек еден ден ќе јаде 50г., два дена не сака. Вечера не сум ни пробала да давам. Млечно и мешунки сè уште немам воведено. Никогаш не сум за кравјо да се даде. Палента не сакаше моево, но ја нудев со овошје. Има еден рецепт од мамафит со палента, омилен ми е па го направив и за бебе. Го јаде така - палента + жолчка + спанаќ + домашен доматен сос. Под јаде се подразбира само 50г. Но, на добар пат сме (само да не смени пу пу) како беше, уште сум со страв секое лажиче. Леб и бисквити сака. Викендов планирам да направам палачинки и да ја воведам и белката, ако сака да ги јаде. Кажи ми за јаткасти плодови, кои се препораките кај вас? Од кога може? Сакам да му ставам во овошната каша.
Не ми текна за путер, имам путер од кикирики и од бадем. И класика јатки. Значи може, супер. Во овошните ги ставаш така? И дали во секоја каша ги ставаш и по колку?
Да во овошните каши. На почеток на врв на лажиче а следните 2 дена зголемував. Јатките и путерот треба да бидат без сол.
Ќе кажам од мое искуство, алергија на жолчка 2 часа после јадење проследено со обилни повраќања. Траеше 45 мин - 1 час, во консултација со педијатар не дадов сируп затоа што го исфрла алергенот но дадов електролити од хип. Не трчав по болници, бебе се стабилизира, се пратеше ситуација, после тоа до крај на ден само на млеко беше.