Еве повели, само да напоменам дека не се дава наеднаш цело. Зависи и од возраст на бебе, ситуации и слично. Јас дадов некаде 30 мл
Големиот повраќаше така обилно по воведување на жолчка, после 3 години се среди. Сега јаде без проблем. Само ммр вакцина прими на 3 и пол години.
Појма немам Ама мислам дека најдобро е во палачинки/мафини, некако најлогично ми е. Вака со лажиче дали ќе го сака Или на врв на лажичка да пробаш да дадеш
Моето бљуцка и повраќа после секој оброк, мислам дека се прејадува дека јаде па цица плус. И кога спие приплачува го кревам да ждригне ,иако ждригнал после јадење, некогаш и повратува по малку, како киселина да има, се сомневам на скриен рефлукс.
Денес прв пат пробавме јогурт. Сега за сега реакција нема. Цело тегличе изеде. Направив палента со банана и малку додадов јогурт. Како расте и посилно станува, почнува да тегне. Се тргнеме со лажицата, он пика во уста, ја тегнам за да ставам каша и после пак ми ја зема со сила и бута ли бута. Башка што после каша наоѓам во нос, уши, коса, врат. Вака и за глутенот нека биде. Во понеделник веројатно прв пат ќе пробувам. Идеја со гриз? И дали чекавте манго на 7 месеци да дадете, или може на 6+. Едвај чекам манго да дадам. Не знам што сум толку возбудена со хранава.
Не. Секој ден и ставам во кашичката за ручек што и е. @Alexandrite гриз може да даваш со било која овошна кашичка.
Кај бебиња, што при раѓање испаднале интолерантни на лактоза дали пробавте да воведете млечни? Ми рече педијатарот прво да го намачкам по лицето, но се плашам од млечниве
Мамички а од кога почнувате така парченца мали да им давате? Јас сакам да почнам ама малку ми е страв.. Кога воведувате јајце? и дали воведувате само жолчка прво?
Јас сега почнав со воведување за некој ден 9 месеци ќе прави. Во кашичка и ставам жолчка, од кашичката неколку лажички ставам на страна таму и ја ставам жолчката кога тоа ќе го изеде продолжувам со кашичката.
Секако е во ред килажата,сега помалце ќе качуваат исто и ние сме 8 месеци пред некој ден бевме на педијатар 7.300кг а на 6 месеци 6.800кг пола кило за два месеци,педијатарот рече дека е во ред за таа возраст.