Риба се почнува со бела ослич, пастрмка. Јас започнав со лосос во германија препораките се веднаш да се почне со месо и риба. Тука на форум читам лосос после 12м.
Дечки, што вообичаено давате за ужинка, и кога ги воведовте? Кај мене беблациве се 7 месеци, и во текот на денот имаат 5 оброка, од кои во 6 сабајле 180-200 мл млеко, во 9:30 каша од 190гр (житарки, растворен со млеко и нешто овошје) , кон 13h околу 150 млеко , как 16-17h зеленчукова каша од 190 гр . И пред легнување во 19h околу 200 мл млеко. Со овој биоритам, кога би вовеле уште еден оброк, тоа би било на тој термин во 13h, тоа да го заменам со зеленчук, па тој оброк во 17h би бил вечера и би бил нешто млечно со житарка.. ама би ми се намалило млекото( ад) кое пак сакам да го пијат зошто не пијат многу вода. Едниот пак ич неќе. Но кога би ги вовела ужинките, си велам да не им се расипе другиот ред, да не сакаат да јадат после полн оброк? Фала ви
Мајки спанаќ од кој месец дадовте и на кој начин се приготвува? Земав беби спанаќ па да знам дали да давам сега? 7+ е бебче
Можеш да, и јас сега на 7+ дадов. Јас го варам посебно неколку минути, водата ја фрлам. После мешам со друг зеленчук или со јаболко и палента, така го сака многу. Или со ориз, тиквичка, малку морков и спанаќот плус. Некогаш додавам и кисело млеко иако поделени се мислењата дали да се меша со млечни производи.
Сега воведувам маслиново, втор ден. Од понеделник ќе давам спанаќ со ориз и маслиново потпечено на тавче. 6 месеци сме.
Ич не знам да ти кажам, а и не сум прашала педијатар по колку треба. Некако од почеток (да не се на подрек) почнаа да си јадат се што ќе понудев. И почнав и со големи кашички, првите пати ајде не им давав цела да не им биде тешко на мешето, ама после гледав дека си јадат и продолжив да давам. Кога се најадени даваат знаци (бричење, си се смејат, враќаат..) и престанувам. Ама генерално ги јадат. А прематурци се. На 6 месеци имаа 6700 гр. Сега се 7 месеци, не ни се мерени. И генот не ни е нешто голем. Ама ете се јадат засега... затоа си велам ако воведам ужина, тој ред ќе се наруши.
Уствари јас изгледа се водев по кашичките на Хип. Нема многу мали теглички од 120 гр со комбинации. Вообичаено ги пишува за први вкусови... и таа ми била логиката ваљда...
Девојки кога давав гриз, и од хип тие што се повеќе житарици во кутија мемаше никаква мака. Вчера дадов вечера од кутија ноќна каша со јаболко и овес мислам беше. Абе цела ноќ некако имаше мака со мешето прдеше и плачеше . И на рака осеќав кога го напнуваше стомакот. Страв ми е да дадам пак ...
Оти некаде како да прочитав прво жолчка па белка? Или нема врска кое прво? Инаку 7 мес сме, јогурт овожава, интересно му е ... Ние сме сега 7, манго веќе пробавме Имаше комбинација некоја со манго во една Хип кашичка
Аиии друштво, па супер прогрес кај вас. Ајде да не се секираш сега кога си назад на работа па мора и нашиве еднаш да се разјадат. За јатки ти пишале можеш да воведуваш.
Така беше пред 3 години и така и воведував на ќерка ми. Прво жолчка, па белка околу годината. Сега според најнови препораки се се воведува порано. Со дете јадач е лесно да се тера по книга, ама ако е нејадач, ќе мора ти и детето да разработите систем на воведување што ќе му одговара и ќе биде прифатлив.
и ние сме 8 месеци јадеме по 170-180g оброк, само ад млеко помалце по 150мл. понекогаш и 120мл пие. 3 оброка и 3пати ад млеко во денот, измеѓу оброците вода или сок од јаболко на хип разредено со повеќе вода. п.с. понекогаш и 190 до 200 максимум јаде
во 13часот кај мене е ручек, околу 17-18часот вечера, ужинка планирам после 1год. Кај мене е вака пример во текот на 24часа па сметам дека е во ред зависи од денот плус минус еден час зависи кога ќе се разбуди ако е пред 8часот и давам прво млеко ако се разбуди после 8 часот доручек, пример: 07:00-млеко 150мл, 10-10:30-доручек, па 13:00 разреден сок морков-јаболко или само јаболко на хип со повеќе вода, 14:30-15:00 ручек, 18:00-18:30 вечера, ако не заспие во 21:30 млеко ако заспие се буди околу 23:00 и давам 150мл млеко и во текот на ноќта се буди еднаш пак млеко 150мл.
Јас па не ни нудам повеќе, по толку му правам во мала тегличка и толку јаде, после цица плус.Ке пробам да зголемам повеќе постепено.Моето многу повраќа па затоа посебно внимавам.