Некако имаш големо растојание помеѓу оброците, ваљда и затоа јаде поголема количина на оброк.Моето јаде или цица на 2 часа максимум од прилика.Еве денес стана во 7 сабајле,цицаше, во 9 дадов доручек просо и кајсија каша, па во 10 цицаше малку и заспа, стана во 11.30 пак цицаше, сега во 13.30 пак цицаше и пак заспа, после во 15.00 ке дадам ручек тиквичка и батат, па околу 17 пак ке цица па во 19.00 пак ке вечера овошје и житарки и околу 20.00 ке заспие цицајки.После ноќе пак цица по сто пати веќе не ни бројам ниту гледам саат ама тоа е повеќе како да ме проверува дали сум тука, ке цицне малку и ке продолжи да спие само колку да ме малтретира.
и мене ми беше страв давав помалце ама гледам уште бара и сега почна и по 190-200г да јаде понекогаш уште бара ама не и давам, сметам дека треба сега повеќе да јадат по активни се им треба повеќе храна но пак зависи секое дете е различно сама ќе процениш не гледај кој колку јаде и 120 да изеде е ок, пак е еден оброк се рачуна од 120 па нагоре. ако веќе јаде 120 тоа е веќе оброк нетреба млеко може многу доаѓа па затоа повраќа според мене, педијатар ми кажа кога ќе почне минимум 120г да јаде тргам млеко.
Може, зашто јаде поголема количина ја држи инаку несака порано, пробав давав млеко не го пие едвај 60мл ќе испиеше и толку,пробај поголема количина храна нормално ако сака може нема да бара да цица толку често.
Можеби,ке пробам, он дење воопшто не бара да цица, јас го нудам сама и пред да почнеме со дохрана сама го нудев не го оставам никогаш да побара сам,само ноќе сам бара.
Извини што ви се уфрлам во муабет. Од кога и колку често повраќа бебенцето? Кај мене едното повраќаше една недела преку еден ден пред да извади два заба. Сега од минатата недела тргнаа на градинка и истото бебе ми повраќа на речиси на секој оброк 1-2 на ден. Матичната ми рече само електролити да давам и дека најверојатно му е од стрес, промена. Се надевам дека набрзо ќе им помине
Нема врска до детето си е. Еве мојава сабајле изеде 190гр појадок и после 2часа пак си цицаше. Па ручек изеде околу 140 гр. И цицаше неколку пати нз што и беше не дочека ни 2 часа да поминат. Кај нас не се намалија подоите со хранава. Мене ми изгледа ко повеќе да бара сега да цица
Мајки 6 месеци сме. Стануваме околу 11 и нудам доручек околу 12-12 ипол, ако не е расположена после прва дремка. Е сега ние кога седнуваме на ручек околу 16:30/17 она мљацка цело време и и давам кашичка, јаде зависи кога како, некогаш и пола тегличка, мерам во тие од хип. Муабетот ми е дали е правилно вака или треба да се држам до тоа само доручек? Искрено не јаде којзнае колку, пола кашичка ни е максимумот, ама тоа е обично во време кога ние ручаме, насабајле (пладне ) јаде по 7-8 лаж максимум.
Првата недела 1/8 (2 пати неделно) Втората недела 1/4 (2 пати неделно) Третата недела 1/2 (2 пати неделно) Четвртата недела цела жолчка.
Киноа може да дадам на 7+? Како ја спремате? Треба да се стави од вечер во вода? И со што ја комбинирате?
Јас уште на 6 ја воведов. Од вечер во вода ја оставам да отстои. На ќесичката треба да пишува колку треба да се вари. Мене многу ми се допаѓа, а и на бебе. Ја мешам со авокадо и банана или слива и круша или јаболко и круша.
Јас од житарици само киноа не киснам, така некаде сум прочитала, не знам дали е исправно. А ја спремам и со зеленчук и со овошје. Баш денес дадов со карфиол, брокула, тиквица и морков.
Дали гризот има многу шеќери? На листата пишува дека треба да дадам домашно пилешко. Бидејќи јас кокошарник дома немам, како давате пилешко?
Од кашичка давам јас од Хип со ориз и зеленчук ја обожава. Е сега малце е процентуално пилешко внатре.