А каков ви е распоредот за ручек? Месо колку пати неделно давате? Имам воведено телешко сега за сега. Жолчка уште не. Нешто ситно од зеленчукот, но планирам периодов да се концентрирам на воведување повеќе разни врсти зеленчук и да комбинирам. Само јас ли се осеќам како што попрво да воведам и да паничам дека каснам?
Јас пилешко не сум дала, планирам прво со телешко.. ми ветија младо петле од село па кога ќе го добијам тоа планирам
Ако мислиш на оној со бебето или спелтин гриз, нема шеќери, житарка е, исто ко просото, палента. А инстант каша ако е, тогаш не знам
Иста сум и јас се мислам каснам со нешто. 3 пати неделно и давам месо. Еден ден телешко, пилешко и зајачко, не еден по друг ден, 2 дена жолчка и другите 2 дена нешто зеленчук само.
Од Мк немам земано органско ама верувам во поголемите маркети има како Веро, Тинекс,Рамстор , треба да се истражи. Јас цело пиле го поделив на парчиња, пр копан со надкопан, крило и дел од белото месо, од едно пиле 6 парчиња издвоив и ќе варам по потреба и се ќе давам.
Јас прашав педијатар, рече може од било кој дел, но ми рече да не мешам, пр еднаш од белото месо, следно од црвеното (копан)
Мајки која сол е подобра, просфат, химелајска или морска? Секако во лебот има, а планирам и по две три зрна да ставам во кашите. Опцијата ми ја кажа и патронажната. Бебе беше болно и буквално не јадеше и не јаде се уште. Ај овошните еве денес ја изеде, ама за друго уста не отвара. Плус падна на килажа, да знам, од вирусот, ама скоро 9 месеци и не јаде, а сака. И во лебот има сол, па го обожава. Затоа предлог каква да земам. Имам овде морска.
За бебе што не сака шише/цуцла ни да помириса, во што да нудам вода? Ќе почнуваме наскоро со воведување на храна, па да се припремам полека
Мојата на почеток пиеше од чаша за ракија. Иако е на АД и знае да пие од шише, вода не сакаше. Па или со лажиче или од чаша
Имам пишувано колку јадач е првото. Кога прележа ковид не јадеше 2 недели. Потоа постепено се враќаше од оброк на оброк. Може и на твојата и треба време да се стабилизира. Секако има цице на располагање. Тој период моето ад пиеше. Исто 9 месеци беше и цел ден само на ад. Дај ѝ време.
Мајки дали телешко месо варите секој пат кога давате за ручек или го варите цело па го замрзнувате на парчиња? Што е подобро? И колку време го варите кога е на мали парченца?
Цело го варам, потоа со малку вода си го распоредувам во теглички. Мислам исто е, со тоа што вака не губиш време за готвење, зеленчукот само го спремаш и го додаваш месото. Така цело парче од околу 1кг го варам 2-3 часа
Фала ти Да го варам цело, да го поделам во теглички, да се олади и да го замрзнам така? А колку водичка да ставам?
Јас така правам. Вода да го покрие мевцето, од причини што кога ќе дотурам во кашичката е ем здрава, ем повкусна.