Мајка имаше а. дерматит твоето бебе? Мене ради тоа ми кажаа млечни и јатки после година. А жолтка внимателно.
Даа мила, имаше. Сега е под контрола, фала Богу никаде нема ниту едно лишајче, црвенило...страв ми е да дадам многу ама да пробам малку да видам дали ќе има реакција.. Никако да се решам. Фала ти
Дали на вашите бебиња им давате вие што ручате? Јас и давам само пример да лизне ако не гледа кога јадеме, ама вчера свекорот и свекрвата ме напнаа требало да јаде ние што сме јаделе голема била веќе 9 месеци има нема 3 години. Се требало веќе да јаде дрн дрн... Што треба за нејзина возраст и давам јас, не може ако јадам ајвар и на неа да и дадам.
Јас гледам да го јаде за ручек тоа што ние го јадеме, само прилагодено за бебе. Пример ако јадеме манџа, пред да ја запржам вадам дел за него. Ако јадеме пржено - за него варам, ако печам месо и компир му давам од нашето, ако печам ориз и спанаќ исто јаде од нашето, само делче за него е без зачини...
Мајки, 6 месеци сме ние и сме само на доење, пред недела дена почнав со вкусови, би сакала некои идеи за кашички кое со што да го мешам, и би сакала да ве прашам со супи, такви работи од кога почнавте?
Тоа што јадеме ние соодветно подготвено за неа. Е сеа ако јадам леб ајвар и сирење, она леб и сирење ќе јаде. Ти па шо се замараш, 9 месеци е. Ќе јаде, нека не напињаат
Аман од тие муабети. Неисцрпна тема околу јадењево. И се знае ако е машко, а не проба, ќе му падне. За првото до 15м. готвев посебно. Потоа ние се прилагодивме на него, соодветни зачини, малку сол, без запршка, без пржени јадења...Комплетно сменивме начин на исхрана, знаеме од каде купуваме одредени намирници, цело лето собирам плодови разни и мрзнам за зима, моите прават многу домашни работи за зимата и имаме неколку двори места насадени со сè. И пак не сметам дека се храниме здраво, со оглед на почва, воздух и дожд. Ама бар не прскаме дополнително. Башка дете е, ќе сака и да грицне и да јаде благо. Здрави навики од мали нозе се учат. Ние се научивме сега благодарение на децата. Многу ми е глупо треси му се 1г. за јадење, ама после тоа стави ја манџата и пржени компирчиња. Примери. Се надоврзав на тебе, општо пишав.
Мајка ми ме гледаше мене ко шлакната вчера ко плукна ќерка ми пржено компирче. На крај и јас бев крива оти не сум му давала на детето "да јаде нешто убаво" Свашта. Ај у 7мица ќе ја однесам ако не, убаво е.
И мене мајка ми ме напнува со ова. Време било да почне да јаде од ,,нашите,, јадења, зошто уште јадел кашички, требало лепче да јаде, да се поправи зошто бил слаб Е еве не можам со сила да му ставам. Башка мислам дека само моево дете ако му ставиш во уста нешто што нема да му се допадне, веднаш повраќа и тоа во млазеви. Ич не форсирам, битно ми е да го јаде она што ќе го спремам за него, е сега потешко е и помачно, ама што да му правам, покасно ама ќе навикне.
И мене ме напнуваат као демек голема била веќе демек во септември на школо ќе тргне. И тоа запнува свекор ми, не знам маж да се меша во такви работи, добро што не живееме со нив мислам ќе се шекнам. Млеко обично време било да и давам е со тоа мислам не знам од кога замара при мое млеко такво ќе и давам.
Абе имаат некои универзални мислења значи. И мене ми се напнаа па доста и било од АД, тетрапак да пиела. Пази сеа, поевтино било. Им кажав ко ќе ми го плаќаат АД-то нека брчат.
Хахах сестро I feel u. И мене ме напнаа 7++ е бебе оти сол и БИБЕР не сум му ставала во јадењето, телешко кога јадел требало да се зачини, па оти жолчка, јогурт, кисело млеко не сум давалаа па риба да не сум давала до година ОТИ НЕМАЛО ДА ЗБОРИ ДЕТЕТО АКО КАСНЕ РИБА ПРЕД ГОДИНА. Wtf Не можам да ги трпам сите наоколу што ми солат памет. Среќа и ние сами си живееме со мм и син ми