Јас после годинка почнав пополека да и давам од нашите ручеци ама прилагодено. Зборам за нормален ручек, манџа, паста, мусака, ориз. Ако јадеме похованици и кобасици, 1 година и 8 месеци е, до ден денес друго и правам. Иначе напнувањето уште трае кај мене. На што личело чоколадо да не му давам и сок на детето уште малку 2 години ќе била, сите деца јаделе. И така вчера еден куп чоколади доби за Велигден, си ги лапнавме со маж пола синоќа На тема тетрапак млеко јас не би вовела пред година ама морав тргна во градинка, таму се е со млеко
Тоа за млеко да генерално во сите градинки е така во јасли се мешаат со млеко чоколино каши ама за другово секој некс си тера и тоа е. Од муабети немс крај секогаш постариве само солат памет хах ја од едно уво влага од друго излага и си терам некако оттрпнсв
Како ме напнуваат такви муабети и мешање во “туѓа посла”. Што ти е тебе гајле крај краева што јаде моето дете се додека е здраво и среќно. Има цел живот да јаде торти, чоколади и брза храна ако така одлучи не мора да го “малтретирам” уште од мало со такви ствари. Некој погоре имаше пишано и се согласувам со тоа дека здрави навики се стекнуваат од мали нозе и ние уствари треба да се прилагодиме на децата а не да им даваме тоа што е “вкусно” и што го јадат сите. Јас генерално се обидувам да готвам здрави работи и за бебе и за нас, зеленчук и овошје складирам, мрзнам тоа што има од кај моите и од кај на мм неговите, месо исто селско, млеко планирам исто да земам и да правам сама павлака и да поткиселувам. Со луѓево што коментираат некако и ќе се снајдам ама во градинка кога ќе дојде време не знам што ќе правам, пред некое време пријателка ми кажуваше што им давале и се запрепастив, пак таму ќе мора да го јаде тоа и солено и со млеко и благо и секакво. Прашував дали имале нутриционист и некој што го изготвува менито ми се изнасмеа а никогаш претходно не сум заправила муабет со некој за градинка и што јадат децата…
Син ми се уште не јаде чоколада, бонбони, ама јаде чипс на пример. Но глвна храна му е зеленчук, овошје и месо. Нездрава храна почна да јаде пред некоја година, не сакаше претходно. Нормално е кога ќе пораснат да јадат и сендвичи и помфрити, ама како помали се учат да јадат здрава храна. Ние со јадењето сме до никаде, вирусот ни поремети се и сега пак почнуваме да се учиме буквално. Вчера среќа јадеше ориз, блитва и урда. Денес да видам дали рибата ќе ја изеде. Појадокот нема криза, банана, авокадо и манго со житарка и најдена е. Неделава планирам и леќа да воведам. Инаку ставам неколку зрна морска сол. Вчера јадеше. Врска немам од што е. Ќе пробам и без, ако јаде така ќе прекинам.
Предлог зеленчукови каши за ручек што ги јадат малечките? Значи вкусни што се, а од купечките. Ми треба да оставам за на работа кога сум. Исто на Бејбилов и Дм Био..
Мојата многу ги сака тие со компир и морков на ДМ Био, имаше и една со анасон мислам. Ама многу ги покачиле бе, 59 денари беа сега 80 и 90.
Од Холе таа со спанаќ и компир, тиква со ориз. Од Хипп морков, ориз и телешко, морков, пченка и телешко.
Мојата ги сака од холле што е кашичката компир, тиквица и тиква...тиква со пилешко... Брокула со ориз.
Мајки како одлучувате да почнете со храна? Педијатар кажува кога и како или вие на своја рака? Прво дете ми е 3++ (знам дека е уште рано) ама сакам да почнам да се подготвувам полека и да учам како се почнува со хранење
Педијатарот ме советуваше на 4 месеци да почнам. Мене ми беше многу малечко, па почнав да воведувам намирници скоро на 5 месеци.
Ние сме 3+ педијатарот ни кажа на полни 5 месеци да сме почнеле со пробување на вкусови добро напредувало и немало потреба за порано да почниме и ќе ја послушам иначе сме на комбирано уште на почеток мајчино плус ад.
Кај нас беше ист случајот како кај Александрит, педијатрот рече од 4 да почнеме, почнавме од 5 со пробување на вкусови. Сега е 6ипол, има еден оброк зависи како е расположена да јаде. Одма после станување сабајле сака да цица ако и давам да јаде плука и плаче, некаде после прва дремка јаде, е сега некогаш повеќе некогаш помалку. Педијатарот може ќе ти даде листа со намирници кога се предвидени да се воведат па ориентационо ќе знаеш што и како и кога да воведеш. Доколку нема листа тука на форумот има можеш да пребараш, во главно е истата што се врти. За комбинации како и што да мешаш е рано, јас се инспирирам од профили од инстаграм и од тука има тема дневно мени за деца до 1 год.
Мајки спанаќ како се замрзнува? Ако го бланширам нели е штетно после да го готвам дека нели се загрева по втор пат.
Значи да измијам и на кујнска крпа. А во што го замрзнуваше? Една мала кесичка па да искористам за две правења м?