Оваа е табелата со намирници по месеци кога што се дава јас ја спуштив од некоја членка што ја имаше постирано.
Детето на мојата пријателка веќе на 3 и пол месеци пиеше над 1 литар млеко во едно деноноќие и им кажаа веднаш од прв ден на 4 месец да почнат со вкусови, а за кратко и со оброк со цел да намали на количината млеко што ја внесува. Сега е 6+ и веќе јади по една кашичка и за појадок и ручек. Моево е точно 3 месеци и некаде околу 800 мл млеко внесува преку цел ден. Бидејќи сме далеку од границата на литар што педијатарот на пријателката, а и наш ја смета како граница верувам дека барем до кај 4 и пол или 5 месеци ќе можеме да издржиме пред пробување на вкусови.
Ова е некоја нова информација за мене. Од она што јас го знам и го практикувам е дека бебето пие онолку мл по килажа. А ова дека на 3 ипол месеци треба 1л ми е ново. Мојот е 3++ и е 5200. Нема никаква шанса да пие литар млеко, со оглед на тоа што едвај 120мл пие и тоа еден оброк. Се друго му е 90/100
Не треба да пие 1л во 24часа, тоа е максимумот. Бебиња што го достигнуваат порано тој максимум им препорачуваат да почнат порано со воведување вкусови.
Можеби грешно пишав. Неа и кажале дека кога ќе надмине 1 литар млеко веќе е време за воведување друга храна. Во случајов кај неа се случи на 3++ месеци што е прерано, за толку мало бебе и затоа веднаш од почеток на 4 месец премина на вкусови и оброк.
Мајки, со интолеранција на лактоза сме, со што почнавте млечни производи да воведувате и какво? Некоја искуство исто што има интолеранција и како поднесува?
Кога се породив ремедика во пакетот го имаше испитувањето, иначе имаше до пред да воведам цврста храна многу чести столици многу, и на секој подој давав колипрев до скоро. Сега дојде време за млечни дури и оддложув малку 7+++ сме
И јас се породив ремедика бидејќи бев малку ко изгубена тие денови не знам дали го има правено ќерка ми. Влегуваше во пораѓајот или? Знам за некое испитување ми рекоа имаат мој број ако е позитивно ќе ме побараат ако не нема да ми се јават. Не знам дали се работеше за ова?
За ова се потпишуваше согласност, заедно со уште 2-3 дополнителни испитувања. И мојот испадна интолерантен, и уште не сме почнале млечни
Не е тоа, тоа се прави на клиника и е за цистична фиброза. Ова ако си го правела резултатот е кај некоја од педијатрите, можеш да прашаш.
Да да влегуваше, а тоа е за цистична фиброза и мене ми рекоа дека ке се јават ако е позитивно. За интолеранцијата ме известија кога бев на прва контрола кај нив за малата
Мојот е 7 месеци. Двајца педијатри ми рекоа дека сите бебиња родени во Ремедика, испаднале интолерантни и дека нормално е, во првите месеци во животот да се интолерантни (уште не им се развиени црева, така нешто) и дека тој тест, во тој период не е релевантен за понатаму. Конкретно за воведување, не сум прашала, зошто не сме стасале до млечниве, следна контрола, ќе прашам