А кој е советот на педијатрите кај интолерантните на лактоза? Дали воопшто да се проба да се воведе? И со градинка? Таму се прават со млеко
Нашата рече дека нема никаков проблем за воведување, може да се проба каков проблем ќе направи и да се елиминира продукт по потреба. Натака кога ќе порасне детето само ќе си знае што му смета и што да отфрли. Пример, мене млекото многу гасови ми прави и имам дијареа, ставам само малку во кафе насабајле за да одам во вц. Сирење, јогурт си јадам. На маж ми млекото запек му прави ама и он понекогаш става во кафе. Пробувај и ќе знаеш.
Од кога ќе проба неколку вкусови и ако сè е ок кога можам да дадам цела каша? Во советувалиште ми рекоа од кога ќе проба на пример два вкуса по 3 дена, после тоа можам да ги смешам и да дадам цела кашичка. Не знам дали ја сфатив добро. Понеделник сме во Систина за исхраната ама си реков и тука да прашам.
Мајки дали користите готвачи на пареа, да ми препорачате каков да купам се мислам, дали комбинирано со блендер или посебно? Ми ги фалат тој на twistshake, ако го има некоја да сподели искуство?
Нова намирница моеш слободно да мешаш со веќе воведена. Јас по 2 дена воведувам вкусови. Ми рекоа можам и по два одеднаш па ако има реакција, да тестирам од што е,зашто секако многу вкусови има и ако се воведуваат по 3 дена еден многу време ќе трае.
Фала мила. Денес првпат дадов морковче и бебе вриштеше за уште Се надевам нема да се мачиме со другите вкусови
На здравје нека му е мила. По неколку лажички му давај и зголемувај секој ден по 2-3 лажички. Денес дадов овес. Сега се чешка по раката кај што има атописки. Досега никад се нема чешано така. Од овесот може да е? Сабајле јадеше.
Глутен имаш воведено? Овесот сам по себе не содржи глутен ама е контаминиран најчесто со глутен и дава реакции. Ова пред некој ден го прочитав а имав покиснато овес и не го дадов. (
Тестот за интолеранција на лактоза е генетски и било кога да биде направен е точен. На сите бебиња им паѓа тешко лактозата во почетокот, тоа е нормално, но не се сите интолерантни. Син ми е роден во ремедика и на тестот испадна дека има комплетна интолеранција на лактоза. Бидејќи и јас се посомневав (и на цимерката бебето доби ист резултат, а на интернет читав демек ретко било тоа), направив нов тест после три месеци, на моја иницијатива, во биотек. Го добив истиот резултат - комплетна интолеранција на лактоза.
Кај нас пишува комплетно отсуство на метаболизам за лактоза. Наведен е точно генот, односно позицијата на генот и на двата теста е исто. Тестот го направија со неколку капки крв од прст. Минута работа беше. Се си мислам дека ние плативме повеќе, сега гледам 2000 денари е во биотек. Го прават во сите лаборатории. (Во систина тогаш прашував, таму беше 5300 денари) Спојлер
Да, спелта имам воведено веќе уште во 6 месец. Сега не знам дали утре да продолжам со овес, дали да воведувам гриз, или да паузирам од нови намирници некој ден, секако викенд фаќа. Друго прашање - спелта не е врста/дел од пченица?
Јас имам кукер 5 во 1 и го користам буквално секој ден. Во него готвам зеленчук и овошје на пареа, блендирам (има три различни јачини, па ако сакам јадењето да има повеќе текстура блендирам на 1, ако сакам да е поконзистентна кашичка, ставам на 3), во него варам палента, просо, киноа, стерилизизирам шишиња и лажички, подгревам, буквално сѐ правам. Додатно имам и едно емајлирано лонче за вриење вода, но кукеров дефинитивно ми ја олеснува ептен работата. Плус многу лесно и едноставно се мие. За Twistshake не знам, јас го имам Babymoov nutribaby+, ама сигурна сум дека и тој е супер и ќе ти се најде ако сметаш дека имаш потреба од нешто вакво за спремање оброци.
Јас не сум гледала до толку дали е викенд, празник и сл за нови намирници, само порано во текот на денот би дала во случај на алергија да реагирам навремено. Јас би дала овес, веќе и глутен имаш воведено па не гледам дека би правел проблем, плус не е алерген. А за спелта, амарант и слично не знам ни дали ќе воведувам. Ние дома не ги конзумираме овие производи и се мислам дали воопшто да воведувам кога не се дел од нашата кујна и понатака чисто се сомневам дека би ги јадела. Киноа, палента, просо, овес и слично јадеме да ама некои намирници што не се типични за овој наш регион ми е некако нелогично да воведувам.
Интолеранција на лактоза не се губи, генетски е и не е поврзана со неразвиените црева. Тестот е генетски и нема зошто да погрешен. Син ми од бебе имаше проблем и не се изгуби, а и не може. Имам и јас. Според мое искуство млеко со лактоза не треба да конзумира. Нема зошто да воведуваш кога дететво е интолерантно. Добро, педијатриве може и време е малку да прошират знаења и видици. Син ми од млеко какаше бело. Плус болките во меше. Мој совет ви е да си се консултирате со специјалист, одете на Гастро или доколку не можете да најдете термин, консултирајте се со проф.др. Стефка Грујоска, во Рес Хумана беше.