Апсолутно се сложувам со ова. Баш од таа причина не воведов батат. Дома не јадеме, прв пат пробав батат на 20и нешто години и не ми се брза да му дадам При воведување било битно и дали мајката ги има конзумирано во тек на бременоста. Јас лично спелтино брашно користам дома, па затоа тоа прво воведов од глутен. Амарант би вовела само ако видам дека има потешкотии со пробава кои не се средуваат со слива, тиква и круша.
Фала ти И јас млеко не поднесувам ама само млеко, јогурт, кисело млеко, кашкавал сиренце без проблем јадам и во големи количини. Викаш ни кисело млекце, јогуртче ништо да не а пробувам? Матичниов ништо не ми рекол до сега дури и кога го прашував за коли превот до кога да го давам рече до 7 м додека не воведеме млечни производи.
Читам повеќето членки сте против давање амарант. Ако може да прашам зошто? Јас воведов и сега си јаде барем еднаш неделно. Мене лично ми се допаѓа, а гледам и бебе го јаде.
Вчера баш воведував манго. Го дадов во комбинација со банана, круша и амарант. Се воодушевив колку вкусно испадна. Тегличката ја снема.
Се мислам денес да дадам белка. За 2 недели бебето ќе прави година....цела белка можам како омлет да ја дадам?
Го нема кај нас овој што го имаш ти така? Ама ќе порачам од странство да ми го пратат, гледам и цената му е ок, кај нас поскапи се како и се друго.
Го имам гледано на babyshop.mk, ама мислам дека го нема повеќе, ама можеш да прашаш. Да, цената е повисока кај нас се разбира во Бугарија сигурно го има, ако имаш кој да ти го донесе од таму. Сега го погледнав уште еднаш, моделот е Babymoov nitribaby plus 6 in 1. Мала е разликата меѓу другите, во зависност од тоа колку нивоа има за готвење на пареа. Овој модел плус има опција за варење на житарки, ама тоа не ми беше мене пресудно, зашто житарки можеш и посебно во мало тенџерче да вариш, јас дека ја имам, па го користам и за тоа. И за нас го користам за спремање здрави оброци и за смутија.
Јас и без ништо го јадам ако остане во тенџерето. Мислам дека не го даваат оти не е многу познато тоа, не го јадеме па затоа.
Јас им давам уште од 6 месеци, мислам дека им е омилена житарка, најубави ми искачаат кашичките со амарант. А јас имав јадено два пати у живот. Не гледам причина да не се дава иако не сме консумирале дома. Колку поразновидна исхрана толку поубаво. Има време кога да пребираат. Исто и манго, јас не јадам не ми е вкусно они прават маф. Па ниту на круша не сум фан а они секој втор ден јадат пошто им е омилена овошка. Јас гледам по внуците, јадат само глупости, нит овошје нит зеленчук зашто татко им не јаде и од мали го слушнале како пребира.
Јас од некои работи (скоро сите) колку сум воодушевена како ќе испаднат и на крај царицата ке лизне и плука. Сигурно и она е воодушевена
Не се откажувај, понекогаш на бебињата им треба до 15 пробувања да прифатат некоја намирница. Едното кога му давав спанаќ првите 3,4 пати буквално плачеше а сега си јаде без проблем. А тоа на нас што не ни се допаѓа може да им биде омилено на нив. И обратно. На пример обожаваат зеленчукови бучкуруши со свашта во нив, а јас не би помислила да јадам таква комбинација
Да. Не би било лошо тоа да спаѓа во редовен скрининг во сите родилишта. Се прашувам да не беше тој тест колку време ќе се малтретираше бебо додека да утврдиме што е.
Во преработките мал е процентот на лактоза и затоа не ти смета. Имаш без лактоза јогурт и кисело млеко. Не знам, синко јаде понекогаш и нема толку проблеми, ама млеко никако оти има голем проблем потоа. Јас пак ќе ти кажам, консултирај специјалист, нека те советува што да даваш.
Да се надоврзам и јас за амарантот, два пати неделно го јаде и омилена житарка и е, маф го прави. Ние дома никакви житарици не јадеме освен овес и не го гледам тоа како причина нејзе да не и давам кога со сласт си ги јаде сите. Инаку приметив дека од ништо не излегува толку лесно по вц колку од амарантот. Јаде и во текот на денот два пати со леснотија оди, ова совет за мајки со дечиња кои имаат запек. Инаку брусница каква давате и како ја спремате? Сува обарена или?
Јас сум очајна. Бебе освен овошни каши друго не јаде. Вчера леќа дадов и не сака. Зеленчук на пример компир и испеков на парчиња и јадеше. Леб јаде, значи парчиња проаѓаат, ама тоа е малку количински. Јајце не јаде освен како кајгана испржено. И пак малку. Овошните мора да се со банана инаку јаде едвај. Бисквити јаде. Три оброка имаше, сега да, она и пет ќе има, ама овошни и млечни. Има систематски сега за 10 тина дена, ќе се советувам со педијатарот. И дефинитивно ќе давам парчиња, тоа е, немам друг избор. Пак истата слика од синко, готвам и фрлам. Пукнав, колку телешко имам фрлено, риба, упм. Битно цица како новороденче.