Да си повторам јас со време, ако уште месец или два имаме до вкусови. - За проба подобро е купечки кашички или да спремам дома? Пример прво би пробала морков, значи да варам едно, две парчиња или готова кашичка? Искрено планирав готови за проба, па за оброк после домашни. - Друго, ако купам готова кашичка на пример едниот ден давам 2-3 лажички, дали можи и следниот ден од истата? Нормално претурено во друг сад, не директно од тегличка. До колку денови стои отворена кашичка?
Јас се правев дома, бидејќи ги имав намирниците. Во однос на пробувањето, јас морков и компир подоцна дадов, во многу мали количини, знае да е тежок за мешето (ако нема проблем може уште одма, мојот има мака па затоа по препорака на педијатар одложувавме ). За отворените готови теглички, некои можат да стојат во фрижидер 2 дена, некои 3. За продукти кои не можам да ги најдам во продажба, купувам готови кашички.
Стефанка Грујовска само во рес хумана прегледува? Таму пишува дека е во четврток. Другите денови каде е? Слушнав многу позитивни искуства кај неа
Благодарам на сите за советите. Сигурно следните месеци додека да стасаме до вкусови уште еден куп прашања ќе имам. Дополнително, за количина како е? Колку време се дава по две три лажички, па се преминува на поголема количина? На пример првите денови, наутро давам млеко прво, па да речеме околу пладне 2-3 лажички за проба на вкус,па по колку време млеко и дали цела количина што во тој момент ќе ја пие или помалку?
Во пензија, на Клиника беше на детско. Не знам за друго место, ама е најстручна за целијакија, па и за лактоза.
Да ве прашам и јас да ми кажете пошто морков и компир подоцна се воведувало поради запек со кои зеленчукови намирници да се почни сакам прво со зеленчукови за да ми ги јаде понатака планот ми е прво зеленчукови меѓу првите и авокадо па житарки и на крај овошни али ова е само план.
Јас на бебе му давав домашни кашички. Само два пати имам дадено купечка. Секако нема да ти јаде повеќе од 2-3 лажички за почеток. Ќе плука, ќе се мршти, ќе се дави. И тоа може да потрае. Кај мене траеше некои две три недели додека почне да се навикнува на храна. Почна да се навикнува, тек месец ипол можеби подоцна имаше оброк. Може да користиш силиконска лажичка, мене таа повеќе ми ја прифаќа. Јас се раководам според листата што кружи тука. Воведував по 3 дена една намирница. Така функционирав два месеци. По совет од неколку членки, почнав по 2 дена ист вкус, освен за месо, јајце, млечни. Веќе има два оброка. Го раниме пајчето со кое што и се бања, иначе готово протестира со глад. Јас почнав со компирче, тиквичка, морковче. Видов не видов, многу се мрштеше, па отидов на овошје. Мешав 3 дена зеленчук, 3 дена овошје. Сега се си јаде скоро. Инаку треба да пишува на тегличката колку може да стои. На Хип мислам беше ден по отворање на кашичката.
Мајки треба да почнам со воведување на вечера ама имаме еден проблем житарки никакви не јаде алергична е и педијатер ми кажа да не давам воопшто. Е сега моето прашање е некоја идеа за вечера без житарки и палента?Незнам што ке давам а лесно да биде освен попара со јогурт
На сите житарки е алергична? Како се манифестираше тоа? Не ми текнува друго освен ориз, батат, компир
На некој алергична а друго што пробав многу ми повраќаше имаше мака детето и решив да не давам подобро. И сега вечерата ми е проблем
Јас го имам тој на twistshake и јас го купив од што ми го фалеа сите. Ги има сите функции што се потребни, брзо ми готви секој ден го користиме еве 4 месеци.
Јас воведував 3 дена зеленчук па 3 дена овошје наизменично. Можеш да почнеш со тиквица, јаболко, круша, тиква, батат, авокадо,слива, просо, палента.
Мајки, дали амарант комбинирате со друга житарица? Некако како многу да се раскака само амарант во пелената гледам и по некое морковче. Си викам можда треба да го комбинирам со нешто што прави форма, на пример овес?