А маж ми што сака благо вика преблаги му биле. Јас кога и давав на ќерка ми не сакаше кога ги пробав викам ова јас не можам да го јадам не па она
Сопругот го купи од локално продавниче за био храна, на мерење е така да не знам точно каков е. Хаха и јас не го комбинирам со други житарици, ама зошто да не може, секако и во кутија се продават мешани житарки во едно. Ма да одмори го бебуш 2-3 дена од него и ќе се среди. Исто е и кај мојава, каката полна ситни зрнца, сопругот ми вели нешто грешка праеш во подготовката.
@TheGoldenPeach ќе пробам мелен и мешан со други житарици па ќе видам како ќе е. И менувам, просо, киноа, палента, мешани, амарант,овес.... Киноа зедов мешана бела и црна, црната излезе како од продавница купена си викам можда и таа ќе е подобро да ја мешам со нешто друго. Експериментираме на бебиња
Здраво, Имам 5 месечно бебе-прематурче ( корегирана возраст 3 месеци). Од која возраст се почнува со дохрана дали од родилната или корегираната, еден педијатар ми вика можам да почнам со вкусови друг вика почекај 6 месеци да направи. Да напоменам дека бебето е на АД млеко и затоа сакам да почнам со вкусови и зошто има проблеми со грчевите а некои викаат кога ќе почне со цврста храна малку ќе му се сределе грчевите. Некоја мајка со слично искуство да сподели мислење. Секако сите мислења ќе ми бидат од корист. Благодарам
Од каде купувате несолена урда,треба да воведам млечни производи и со што да почнам најпрво да давам,каков јогурт,кисело млеко да воведам.
Пред 5 години јас купував несолена на Хомолје во Кам, во канчиња како кисело млеко е пакувана. Јогурт и кисело млеко и за дете и за нас веќе 5 години исклучиво Бучен Козјак користиме.
Оваа не е полномссна мислам и затоа не треба да се дава. Плавиот бебе гриз како го правите? Колку вода, колку гриз?
Ако почнеш и прерано можеш да има грчеви ради неспеемен дигестивен систем. Јас не би дала порано од 6месеци.
Денес треба да дадам праска, купив готова кашичка на хип праска и круша, ме буни што пишува дека има пченкарно брашно*, не знам дали смеам да дадам? 5++ сме, пробуваме вкусови
За оваа зборуваш? Не пишува дека е обезмастена. Напротив мисла 25% масленост дека има. Немам во моментов дома да проверам, ама баш ме замисли и ќе проверам.
Многу е рано да почнете од сега, и 4 месеци е рано ако се работи за прематурче. Јас би чекала 6 месеци. Моето бебе е терминско и почнавме со дохрана од 5 месеци, за прематурче е рано. Нема никаква поврзаност грчевите со порано воведување немлечна исхрана.
На хип има шмукалче со праска и банана. Јас така воведов праска. Во останатите кашички од праска секаде има плуд некаков гриз/брашно/ориз/шеќер. Ова ми беше најчисто. Му го давав со лажиче, како кашичка
Урда - рикота и јогурт од Млеко од нашата фарма. Можеш и од Бучен Козјак јогурт. Кисело млеко - Алпско со најголема масленост. Има и грчки јогурт со 10% масленост и тој е добар.
Здраво феминки, Од кој бренд на бебешки кашички сте најзадоволни, кои се најприродни? И уште едно прашање, дали користите некакви садови за складирање кашички за надвор, со вакуум и сл.? Ќе почнеме уште малку со кашички па ме интересира и вашето мислење за овие теми, благодарам.
Мајки, инстант оризот, млечната каша на Милупа ја мешате ли со зеленчук? На пример со блитва, тиквичка. Вчера смешав со цвекло, јаболко и морков и јадеше малку. Денес сакам со блитва. Досега давав само со обичен ориз.
Мое мислење е да почекаш барем до 6 месеци. Јас се породив во 34та недела со две, мн беа мали. По 1500 и 1800 гр кога ги донесовме дома. Никој од педијатрите (тројца прашав) не ми рече да коригирам возраст. Но, почнав со вкусови од нивни 5ипол месеци. Матичниот ми рече на 4ипол може да почнеме ама со сокчиња, нешто лесно. Јас не сакав да давам сокчиња тогаш (додуша уште немам дадено) и почнав како и сите дечиња со нормални вкусови, т.е да воведам прво појадок, па по три недели ручек па по 3-4 недели вечера. Тир валјда се уште не можат да седат, како би ги хранела. Кога ќе можеш да ги потпираш по малку исправено, тогаш почни. Така јас постапив, не мора да е правилно.