Туку, друго да прашам, за вечера дајте ми идеи плс. Знам дека треба да биде житарка и нешто млечно. Јас и наутро давам житарка со ад, плус овошје. Каков корнфлекс давате? Кои житарки ги давате навечер, или може истите од сабајле. Јас досега давам ориз инстант, просо, палента инстант, амарант и гриз. И денес воведов од тие микс житарки на хипп. Само ручециве ми се штури засега. Дома кога варам се некако иста комбинација правам, т.е се што имам ставам: компирчиња, морков, тиквица, малку кромидче. Некогаш плус батат/тиква. Само портокалови се во газињата Ручекот најчесто ни беше во готова каша дека се надвор се погодуваме тоа време. И месото дека воведувме, па ај од купечка каша да бидеме. Досега јаделе скоро се, ако не јадат (обично едниот знае да протестира за ручел) две три мали лажички од јаболко/круша/слива ставам во зеленчукот да промени вкус и јадат.
Ете ќе научам нешто ново. Кога воведува за првото оваа се препорачуваше како добра заради малата количина сол. Ама еве за второво ќе знам па ќе истражам друга која е добра опција.
Јас случајно прочитав дали тука, или на некоја од фб групите. А вака и мене ми беше прв избор ради солта. Ќе споделиш со што ќе почнеш, ние тек за 4 месеци ќе јадеме млечно.
Имаш на Холле мислам бебји мусли, ама со малина се, јас такви и давам, плус овошје. Исто бисквити со адаптирано млеко за вечер. Друго, не даваш јајца мислам инаку бебка моја обожава кајгана со урда и овес. Тоа отприлика, за ручек кога ќе воведеш месо, си има избор, особено ако јадат. Јас од овошје не знам што веќе. Банана, јаболка, круша, слива, авокадо, манго, праска. И тоа е. Друго не знам навистина.
Бисквити што би можела да ги ставам во каша и што брзо се топат за грицкање за 6+++ да ми предложите?
Едно јајце, една лажица урда и една лажица овесни снегулки. Како палачинка испаѓа. Речиси се изеде. Варено јајце не сака, ама вака да. Пржам на нелеплива тава или ќе ја премачкаш само со маслиново.
Адаптирано само за оброци користиш? Со што се може да се комбинира? Дали за вечера е ок оброк со ад, па потоа да цица?
Да, само за оброци, не пие, цица потоа. Сега вечераше бисквит на хипп со ад. Јас зимам готово и може да стои еден ден во фрижидер и утре за појадок ќе и ставам во кашата. Не се вари оно. Го додавам во житни каши со овошје. Гледам навечер да е, ќе одбегнувам навечер овошје.
Фала..и направив јас со моцарела и го изеде..не ми текна ич дека можи и овесни снегулки да ставам..таман да и држи повеќе и да има житарка плус.
Фала ти многу. Месо имаме воведено телешко, пилешко и јагнешко, само во тегличка, по два дена едно месо го давав, па некој ден пауза без месо, па друго месо. Е сега, новите намирници што се воведуваат, дали по два дена исто ги давате. На пример кисело млеко, два дена во различна комбинација. Па после урда два дена со различни работи... ма да со што различно Јас досега се по два дена давам... и ми здосади
Мелено во овошни каши го давав на големиот. Мислам по една лажичка ставав, не се сеќавам точно од пред 5 години
Некои намирници продолжуваш да ги даваш по 2 дена, но не важи тоа за сите. Ако си вовела млечни производи, пример јогурт или кисело млеко, не мора и урда и моцарела да даваш по 2 дена. Со еден млечен производ си ги вовела и другите.
Палента дм био, ориз уште немам воведено. Како треба да изгледаат оброците на бебе, кога би ги имало сите оброци? Појадок - житарка и овошје Ручек - месо/жолчка и зеленчук Вечера - ад и житарка? Во меѓувреме цица. Колку временски треба да се одалечени оброците? Кога се даваат ужинки и што треба да содржат ужинките?