Мене во Систина ми кажаа да почнам со морков, па ориз, па јаболко и потоа по кој редослед сакам. Јас почнав со готови каши бидејќи на почеток им треба мала количина а за да ми фати блендерот треба повеќе да правам па да фрлам. Зеленчуковите каши на Хипп од кога ќе се отворат може најдоцна до следниот ден да се искористат, а овошните во рок од 3 дена. Инаку готови кашички планирам само за проба, после ќе му готвам. Ние од морковот немавме апсолутно никакпв проблем во однос на запек. Воведувам 2 дена нова намирница, така ми беше кажано од педијатар.
Хипп ориз има и во Зегин, ДМ и поголеми маркети што држат кашички. Јас давав инстант ама ќе почнам да давам од тој што јадеме ние. Овој од кутија после некое време станува како вода никаков што знам.
Од ДМ земав ама има и во Зегин и во големите маркети. Овој е ептен сомелен како прав па затоа не знам дали можеш домашен, освен ако му го сомелеш.
Вчера прв пат проба јаболче кашичка 2-3 лажички, а денес 5 му дадов. Вчера кисели фаци правеше, денес лижеше прсти, па се налути кога му снема од прстите Утре колку да му дадам? Колку сака ли? Него препорачајтe лигавки убави. Имав од поклони што ми носеле, ама и вчера и денес пропуштија кај вратчето. На Twistshake добри ли се?
Јас од старт давам колку сака толку , ако не сака прекинувам , јаболко кај мене не сакаше едвај две лажички ама затоа брокула кога давав цела ја лапна Ние ова лигавче го имаме , меко е , се мести кај вратчето и лесно се чисти
Сега бев до ДМ и бисквитиве и Лобело и тие на Хипп и бискидс сите имаат додаден шеќер а некои и сол. Ги читав и тие 4+, освен што се без глутен другото исто. Во некои имаше и АД млеко..
Никако твистшејк, јас имам две така идеа комплет, многу се крути, воопшто не се виткаат а мојава какви егзибиции прави мислам ќе се повреди од нив. И ние имаме меко такво како срцка што споделила.
@Srcka28 @Doktor F Фала мајки. Од каде може да купам вакво? Едит: Видов сега Ми излезе и тоа што го имаше денес, ама во вратот се' имаше пропуштено, лом беше бодито. Му се свиѓаше денес јаболчето, ама ми беше страв да не му дојде многу наеднаш. Го оставив уште еднаш да брцне прсти и да се занимава со нив уште малце. Вода во стаклена чашка за ракија малце пивна, малце плукаше.
Педијатарот ни препорача од 8ми месец, уште му немам воведено, планирам деновиве со палента да искомбинирам.
По препорака на педијатар давам 40гр.мислам толку му спремам, а колку јаде толку , не го форсирам. Постепено ке зголемуваме за да дојдеме до 100гр. Мерам на кујнска вага. Мојот убаво си почна сега бојкотира, не сака ништо, 5ти скок пуштен најако
Според она што имам читано се дава цел месец. Првата недела, два дена по осминка. Втора недела, два дена четвртинка, трета недела, два дена половинка и четврта, цела жолчка.
Јас лигавчето од babycentar го земав , супер е горе што си го стегаш колку сакаш има дупчиња повеќе и мека е гумата