Ако најдеш некои добри, сподели Нас лино ни ги донесоа, многу лош состав, и во нив има се. Смоките лино се добри по состав, бисквитите никако
Ќе пробам и јас пократко, немаме историја со алергии ни јас ни мм. Едит- со што ја давате за доручек? Бидеќи ручекот ни е покасно па сакам да ја внесам од сабајле.
Сакам на бебе да му спремам дома храна, но нема од каде да се снабдам со домашни проверени производи. Денес сакав да проба јаболче, ама ми е шубе бидејќи знам дека многу ги прскаат. Дали може да го ставам во сад со вода и сода како што правиме за нас?
Има во Тинекс, а сега и во Веро мислам дел со органски зеленчук/овошје. Ако можеш од таму нешто да снабдиш. Ако не сум наоѓала тогаш и јас така, ги оставав во вода со сода па спремав. Нема друго чаре, за жал наше немаме ниту од каде да набавиме.
Јас во фрижидер ги чувам, не ги префрлам во друг сад.Предходно ги чував во кујна на собна тт ама оживуваат бубачки.
Девојки ги давате шмукалчињава од дм гледам иако пишува над 1 година но претпоставувам ради пластиката, доколку ги давате со лажичка се надевам е окау по состав се супер. А водава некој да не ја има пробано прв пат сега на сајтов ја видов
Денес пола тегличка од малите изеде. Ми беше страв уште да му давам и ја тргнав. Ми ја зема и лажичката сам да јаде господинот. Со сласт ја излижа. Ама лом беше и во увото јаболко имаше. Вчера и завчера готова кашичка му дадов, денес му сварив домашно. Утре морковче, па ќе видиме како ќе помине Да прашам за водата, ако денес е отворена, утре можам да му дадам од истата (чувана во фрижидер во меѓувреме) или нова да отварам?
Поради пакувањето ги класифицираат за над 1 година. Нема врска тоа што има јагоди во составот. Плус не се сите со јагода.
Јајцето ( палачинка) од на @JuLleE рецептот, супер прифатен денес само пофални зборови. Немав урда, ставив малку сол и го јадеше со свеж домат. Детево лудува да грицка свежо овошје/зеленчук.