Цело, уште во 6 ти месец и тоа. Јас прво дадов пола жолчка, наредниот пат цела и после наредниот пат и белка. Бебка ги обожава, спас се кога не сме дома. Цела ја шмука. Или кога не и се допаѓа ручокот. Супер, баш ми е мило. Можеш и блитва да додадеш, блендираш исто. Можеш павлака, грчки јогурт, што сакаш, не мора урда.
Боровинки кога дадовте? Урдата од Кам дали е пастеризирана? Ќе купував денес ама само од свежо млеко пишуваше дека е, претпоставувам мора да е пастеризирано? Или препорачајте некоја да не е многу солена за бебе.
Боровинки рано дадов заедно со малини. Не сум забележала за урда, му немам дадено, ама не стои долго во фрижидер...
Јас купив од една продавница за млечни производи во пазарот што е кај играчките, на едно ќоше. Ептен малку сол има и не се осеќа. По малку земам.
Мајки какво пилешко и мисиркино месо давате? Од маркет земате или домашно? И кој дел од истото го давате (гради, батачиња)? Исто и гриз каков давате и со што го комбинирате?
Јас бидејќи немам услови за домашно давам од готовите кашички. Купувам од тие само со месо и мешам со домашна зеленчукова каша
Сакам да воведам еднаш дневно АД млеко, како замена за цицање. Бебе уште малку полни 7 месеци и некако сметам дека ќе мора некако да се навикнуваме за кога ќе тргнам на работа. Кое млеко ќе ми го препорачате?
Денес сакам прв пат да му дадам жолчка 1/8. Дали дур трае процесот на воведување жолчка (цел месец) не треба ништо друго ново да воведуваме?
Женски Риба кога давате и каква гледам во веро имаат свежи ослич може така печен или варен и со што ја давате зеленчик?
Пробај со babylove. Поевтино е, лесно прифатливо од голем број на бебиња. И мојата го прифати без проблем иако година претходно пиеше Бебелан
Риба варена јадеше порано, сега ми протестира. Цел ручек се тепаме, ни пола не ја изеде, поголемиот дел се најде на плочки. Дремна, си викам ајде пак да пробаме можда огладна во меѓувреме, иста приказна. Мм имаше купено лимони, ги гледам пред мене и ми текна, капнав малку на рибата и си ја измацка цела и уште бараше. Е сега јас за воведување храна се водам од солид стартс, кај нас препораките се цитруси после 1 година, ама на солид стартс лимонот е од 6 месеци. Идеја за нејадачите Бебе е инаку 8 ипол месеци
Гриз денес прв пат и дадов со банана, ама мојава ич неќе банана дали е едино дете шо неска незнам, следно со јаболче ќе и дадам. Иначе гриз бебе она плавото баш бебе што пишува. Пилешко не сум имала можност за домашно и ја купувам холе кашата готова чисто пилешко и мешам дома со зеленчук, а мисиркино не сум ја пробала, само телешко и пилешко
Пилешко од холе кашата па ја мешам со зеленчук , а мисиркино од кам зимам носат свежо , а сум давала и од кашичка само во кашите многу мал процент месо има