Искусни мами дали ми е добар редоследов на оброци, сега воведов и вечера, за некој ден 8 м. Станува 6-7 цица одма Појадок 8:30-9 Цица Ручек 13-13:30 Цица Вечера 18 Цица пред спиење во 20:00 Фала
Како по книга. Браво. Денес планирам да и направам ќофте од мелено телешко. Со малку кромид, тиквичка и да го испечам и така да јаде. Ако сака.
Ммм убава идеа и на мојава така да и направам, а жолчка ке воведувам со што за почеток да и ја дадам незнам
Два дена воведуваме киноа и бебо цели зрнца ги покака. Денес какаше дури четири пати ( обично по еднаш- два пати кака) и полни беа каките со киноа. Дали и кај вас е така или нешто не е толерантен? Не знам утре дали пак да давам.
Јас денес ќе дадам грав, за една недела ќе прави една година ќерка ми, свекрвата го свари цел и пред да стави сол и зачини ми извади за малата дел. Денес и утре ќе го воведувам.
Црна или бела? Исто и кај нас, јас имам мешана и само црни зрнца низ каките. Истото е со амарант. Ќе почнам да и ги мешам со други житарки, пример просо.
Мајки, а дали киноата и амарантот ги брендирање малку откако ќе ги сварите? Моите се 7++, воведов киноа пред некој ден, ама не приметив во изметот. Малку ги изблендирав, да се познава текстура, ама да не биде толку јако зрното. Може така подобро да се апсорбира... (се прашувам, не е констатација...)