Како воведувате зачини и кој смее на почеток освен маслиново? Куркума сол од кога ставате некои каши стварно немаат вкус…
Мајќи, како ги давате свежите овошја, педијатар рече лупено и обарено. И дали прво сте пробале вкусови повеќе па сте внеле оброк или одма сте заокружиле после 3ден воведување вкус? Се ова ми е ново.
Купив неколку вида житарки на кои пишува “gepufft”. Не треба да се варат тие така? Само ги блендираш или како? Треба да стојат во вода?
Куркума и сол тек после 12м. На почеток од 6м може само цимет ептен по малку и кромид. После 10м лук, целер, магдонос. Ние сме навикнати на вкус, посебно па дека без сол така ти изгледа тебе, ама за бебето не е така. Солта не е добра за бубрезите пред 12м. Не се варат, пукани се како пуканки. Стави ги во оброкот за брзо ќе омекнат, а ако сметаш дека се крупни и дека нема да ти ги јади бебето може и да се изблендираат.
Супеер фала Да пишам тука за Авент 4 во 1. Супер сварено беше за 15 мин и има малку водичка внатре што кашата добива баш убава текстура. Брзо и лесно за користење. Само имаше проблем нејкеше да блендира, воопшто не реагираше копчето. Претпоставувам дека е поради малото количество на храна. Утре ќе ставам повеќе па ќе видиме. И денес славам, бебе си изеде 90 грама. Дали е до кромид што ставив не знам, утре ќе ставам пак
Јас го лупам и варам, освен банана и авокадо. Воведував вкусови два дена. Прво почнав со зеленчук па потоа со овошје. Кога воведов повеќе вкусови на зеленчук направив кашичка од тоа што е воведено. После почнав да воведувам нова намирница во комбинација со веќе воведена. Ако покаже реакција некоја ќе знам дека е од новата. Воведувам нов вкус најдоцна до 13:30-14:00 чисто за да следам не дај боже ако има некоја реакција. Во странство како што читам воведуваат еден вкус еден ден сабајле и до пладне. Јас по два дена ако имаш и време пролистај низ темава ќе прочиташ искуства на мајки
Баш овој апарат и јас го разгледував. Колку мислите дека вакво нешто е потребно ? Мене сите ме премислуваат. Хранилка мора, не ве прашувам за искуства затоа што не сум во Македонија и мислам не се истите, но за сам почеток и за воведување вкусови ќе ја прочитам темава и ќе прашам. Малава ми е 4 месеци скоро а почнувам со вкусови од полни 5. Може некоја оквирно да ми даде некои правила, мислења?
Каков овошен јогурт од продавница може да се даде? Година е сега, барам идеи за ужина нешто за во движење ко ќе сме. И како воведувате белка?
Мајки, од кога се воведува целер, количински по колку се става и дали се вари во исто време со друг зеленчук?На листата што ја имам пишува од 6-8 месеци.Благодарам и убав ден
Може и без него. Не е неопходно. Досега варев во тенџере и блендирав со рачен блендер и не беше воопшто тешко. Олеснително е, корисно ова, ама не и неопходно. За почеток земи си мало тенџере со капак, една чиниичка и лажички 2-3. Јас почнав со тиквичка. Давав наизменично зеленчук и овошје по неколку лажици, колку сака бебе толку. Првите намирници ги воведував 3 дена, после комбинирав, 2 дена нова, 3ти ден уште една нова додавав. Уште воведувам така. Ќе ти копирам кои намирници ги имам воведено: Tikvicka, batat, banana, avokado, jabuka, oves, paskanat, sliva, palenta, tikva, kruska, pilesko, brokula, telesko, maslo od repka, kromid
Ај ако има некоја мајка Филипс Авент готвачот нека ми пише лп. Има прооблем мојот нејќе да блендира па да видам дали правам се како што треба
Мајки, ние имаме три оброци веќе но бебе никако не сака вода да пие. И со лажиче и од шише со клунче и обично, никако не сака. Не сака ни сокче. Како давате вие вода? Инаку сме скоро 8 месеци.
Истиот проблем го имаме, пробав се и сега со шприц давам..не е правилно ама несака никако да пие, а веќе се стоплува, станува жешко..битно ми е да пие
Дали можам со оваа кашичка да воведам глутен (пишува дека содржи глутен)? Како воведувате глутен? Инаку имам неколку пати давано кифличка и лебче пошо мн жално ме гледаше додека јадев и не знам дали да сметам дека имам воведено глутен?
На бебе неколку пати му дадов едни смоки додека го ранам со каша и сега гледам дека се со манго. Не ги јадеше само ги лижнуваше малку и си играше со нив. Да сметам дека е воведено мангото?