Да и јас се мислам за тоа. Воопшто нема гризнато само ги лижеше. Ќе го сметам за невоведено и не му давам од смоките веќе
Глупо прашање ама ај ... Што е гризот? Скроб? Важно е да го давам? Во живот не сум го користела, не знам ни што се прави со тоа.
Majki 1 god sme i 3 meseci dadov avokado banana i adaptirano kako kasa odi taa kombinacija ama celo avokado i cela banana jadovme nema gajle ?
Гризот се добива од мелење на пченица, природен е и има витамини/минерали. За бебе се користи во кашички, јас го користам кога правам овошна кашичка за да држи ситост. Пример со јаболко, со круша и кога ќе го измешаш така доста е вкусна кашичката, а сам по себе има неутрален вкус. Може да се направи и со вода и со млеко ако сакаш. Јас го користам тој синиот со бебе што е и на 100мл вода/млеко ставам 1 супена лажица гриз. Исто како палента се прави.
како да воведам јогурт со што да комбинирам за прв пат,планирам палента и јогурт само,ако може некоја комбинација за наредните денови со што да го комбинирам.
Со овес ако имаш воведено, просо, амарант, било која житарица. Можеш и со овошје зависи што имаш воведено па да дојде како овошен јогурт.
Му дадов денес на малото праска прв пат околу 3 лажички. После половина саат цицаше, а по еден саат поврати млеко и праска мешано. Дали ова да го сметам за реакција на праска? Да му дадам ли утре пак или да пробам понатака повторно?
Бебе трет ден по ред си јаде ручек од 80-100гр. Го сметам за воведен. Кога да почнам со вечера? Да чекам еден месец или може и порано?
Фала за одговорот. Му се направија и црвени точкички околу уста, околу половина час стоеја и се повлекоа. Ќе ја паузираме праската.
Дали давате ЛИНО смоки и како? Ни ги донесоа на подарок, а вака составот е чист,Има само појадок и ручек како оброци. Нема ужини, само цицање во меѓувреме.
И мојава исто. Само и беше интересно да грицне еднаш и плукна и после играше со нив ги фрла на земја а во уста нема шанса. Пробав и со бисквити ги гмечеше од хранилката и беше интересно трошки да прави. Како ќе се научи ова девојче да јаде не знам уште сме на блендирано и тоа ме нервира.
Кога почнавте со поголема количина на храна? Мојата е 8 месеци и има 3 оброци од по 100-120 гр. од прилика. Да не треба да почнам со повеќе? Измеѓу цица. Со тегла мала ко ќе мерам ја јаде до крај, после не покажува знаци ни за уште, ни дека и е многу.