Најтешко ми е да смислам за вечера. Сите ноќни каши што ги купив не ги бендиса. Пробав и бебешко чоколино и тоа не го бендиса. Најчесто јаде палента со грчки јогурт или со абц крем сир. Некогаш јаболко со хип бисквити. И мене ме интересира другите мајки што даваат.
Јас давам гриз/палента варена со вода и малку овошје за вкус. Не смеам млечно и врска неам што да давам друго. Доручек и вечера ми се исти - житарки и некое овошје, со тоа што нели не давам иста житарка/овошје и за доручек и за вечера. Дали може и со зелњнчук да комбинирам житарки за вечера?
А што има во ноќните каши баш ме интересира? Што е поразлично од обичните? Подолго ги држат сити? Зошто се викаат ноќни? Во маалската продавница нема, па не сум видела состав на тие, чисто за ориентација што производи да давам
Ај и јас да прашам. Некако се осеќам ко бебево да не ми јаде "вистинска" храна. Се некако вртам од кутии за доручек значи житарка + овошје од тегло мала стакленка. Ручек давам зеленчук дома го варам ама пошто месо не ми сака дома кога и варам ,тие денови и давам готова каша со телешко за да внесува месо малку барем. Само зеленчук се смета за оброк? И вечера давам или од тегло ноќните тие ги обожава и ги јаде цели 190гр. Или пак од кутија ноќни ама тие не ги сака. Некогаш гриз и една од дм млечна со банана. Вечерата и мене ми е проблем стварно. И измеѓу си цица често. А богами и навечер деновиве станува на сат и пол,два. Има три оброка. Двата ги јаде цели по 190,200 гр. Едниот го јаде пола. И плус цица. Ама јадењево се така мазно,се така од кутии. Крвната слика и е ок. Месецов качила 500 грама. Ваљда е ок. Така кажа матичната. Ама кога ќе премине сама да грицка да џвака. Да можам да и давам убаво да јаде не само вака од кутии или блендирано.
Која каша со телешко ја јаде? Да пробам и со таква, може ке ја јаде. Пробав дома да варам, со различни комбинации, не и не..2-3 лажичиња и толку.
Јас не сум понудила ништо за сам да јаде, а знам време е веќе 9 месеци е. Неќни барав кашичка со лосос и аптекарката ми ја згреши Ми даде морска риба со тестенини, кога ја отворив забележав дека била и со парчиња. Немав избор, не бев дома и далеку од аптеки и продавници па ја дадов. Кога почна да се дави, да се гади.. страшен беше за гледање а упорно јадеше. Животот ми се скрати за 10 години Се исплашив и го прекинав ама веќе ја изеде повеќе од пола. Еднаш му дадов јаболко во рака мислев ќе го лиже му се откина парче и исто почна да се дави. Уплав имам сега од тоа
Мојата е алергична на млеко па за вечера давам комбинации со зеленчук, или тестенини печени со жолчка, или плескавици од зеленчук и жолчка, палента со брокула или спанаќ или тиквица, некогаш и овошна каша со житарици. Или пак ако останало од ручекот го давам пак истото. Ноќни се викаат дека се со млеко. Обично нешто млечно се дава на вечер. Комбинации со кисело млеко или урда најдобро.
Да зготвам каша со телешко денес ќе биде ли ок до утре? Некоја постапка за запазување има? И колку пати неделно се даваше жолчка? Не го јаде телешково ич, а одиме накај анемија веќе.
Има напредок со ручекот, приметив не го сака слаткиот компир. Пилешко и тиквичка си јаде, блитва, компир, телешка плескавица сака, ама со сладок компир не. Мојава и ужина веќе има, ама колчински јаде исто како твоето. По 100 мл. Па дури и гриз и банана јаде толку. Јаде и парчиња. Лебче, кајгана, бисквити, плескавица. И сама бара дури да и дадам. Јас друго да прашам, до кога варевте јаболко? Се уште да варам?
Блендирано мислам дека можеш свежи, за парчиња треба да биде варено за лесно да се распаѓа поради опасност од давење.
На тие мајки што не ви јадам месо бебињата дали сте пробале како парченца т.е како конци мали да давате? Мојата ме ги јадеше кашите зеленчукови и мислев дека е од месото а тоа било најчесто од компирот, и кога почнав како парченца да го давам месото почна да го јади.
Со што воведовте парчиња? Како го надминавте иницијалното давење? Колкави парчиња дававте? Моите се 10 месеци, јадат сами смоки, крајче од лепче, грубо пасирано, оние кашички 8+ со парчиња ама не знам што понатака...давајте совети.
Ко јас да сум пишувала баш се секирав како ке премине со џваќање значи на пасирани банана и бисквити она плука се дави ако не и е мазноо…не знам што да кажам вајда постепено кај секое дете е различно. Јас за вечера исто ноќните на хип претежнови обожаава, гриз со банана, палента со јогурт, овес со павлака тоа леб уште не сум дала па може ке сака и така со нешто млечно гоа ми се врти