Со лебче почна. Сега нема мака. Многу малку се давеше, брзо го надмина тој проблем. Бисквити јаде без проблем. Јас и месо мелено и давам во парчиња. И сама си држе и јаде. Никаква подготовка немавме ни пак спремам посебно. Инстиктивно и дојде. Храната се знае варена да е мека. Сега сфаќам дека некој бил многу паметен и создал апликација, па гледам и обуки, а процесот си е нормален тек на работите. Храната ја вареш нормално за да им е мека, даваш мали парчиња. На почетокот се дават додека да научат. Потоа се навикнуваат. Ама сега е метод и е со име.
Мојата бисквити грицка со забите, лепче по малку јас да и давам ама во кашичката ако има парченца и најситни се дави и не сака да јаде.
Бебка нашол на маса чоколадо од кокос и почнал да смука. Јас во кујна, а тој во дубак глас нема а тој си нашол занимација. Не многу, ама пак излижал. Ќе биде нешто?
Само да знаеш прстофат се става, не повеќе. https://solidstarts.com/foods/cinnamon/ Ништо, си вовел сам неколку намирници Следи исто како ти кога воведуваш нешто ново
Од ДМ го користам јас тој е цејлонски. И се става многу минимално, ептен на врв на нож пример (јас така мерам).
Како го давате просото т.е. дали го блендирате и ако да, во каков блендер? Мене, сепак и блендирано, ми остануваат ситни лушпички кои му пречат при голтањето на бебе.
Во зегин имам видено дека има лупено просо. Го немам пробано Spoiler Според таблиците во бебе готвач грашок на 9+, домати на 10+ Краставица на 12+
Јас двете ги воведов веќе. Грашок на 6 или 7. А домат на 8. Ама од каша ги воведов. Не знам дали се сметаат за воведени.
Воведувме жолчка, утре втор пат осмина, дали за ручек можам месо или само жолчката тој ден зошто и онака е мала количина или па не?
Јас денес првпат дадов 1/4, сабајле ја дадов и решив месо да не давам за ручек, му дадов палента со зеленчук полесен за варење. До сега немаше реакции. И понатаму планирам кога ќе давам жолчка да не давам месо тој ден.