Мајки блитва и спанаќ немам дадено. Сакам утре блитва да му дадам. Да воведувам 3 дена или не? 8+ е бебе.
Јас давам само не го лупам целото и го ставам во фолија и следниот ден го сечам делот кај што претходно сум седела и го лупам остатокот.
Да. Го мотам делот кај што е исечено со стреч фолија и утре дента отсекувам од тој дел ( потемнет е ) и фрлам.
Мајки која киноа и амарант давате? Мислев да не давам амарант, ама мора да тестирам атопискиот дерматит да не се јавува од гриз, па ми треба за да менувам.
Јас ги зимам тие “gepufft” што пишува на нив. Полесно ми е за готвење зашто не се варат, само ставам во готова топла каша
Јас давам било кој зеленчук тиквица, брокула, карфиол, посебно мешунките се сите богати со магнезиум кој помага за добар сон. И многу избегнуваат овошје за вечера поради шеќерите, а баш јаболкото и бананата добро е да се даваат на вечер зошто и тие помагаат за добриот сон. Најбитно е да се јаде вечерата 2ч пред легнување.
Мами ние сме 6 месеци и 9 дена. Сакам да воведам пилешко домашно месо. Како да го воведам? Колку дена се дава/ дали се дава три дена по ред по 2-3 лажици( како другите нови вкусови)? Дали треба да се дава едно исто месо ( пр. Копанче- 3 дена, па после Стек - 3 дена или може 1- ден стек, Др ден копанче и тн?
Не, пилешко си е пилешко и нема потреба различен дел да воведуваш посебно. Јас воведов мисиркино домашно на 6++ и давав 3 дена. Давав со друг зеленчук, не сум мерела по колку ама мојава не е ни голем јадач па да пазам. Немаше никакви реакции. Сега си давам цело време, зависи што ни е ручекот.