Како да го дадам, само пилешко месо сварено со компир, морков ( Др што може да додадам? Уште немам воведено кромид). Секој ден да барам месо или да го сварам целото месо исечено на коцки по 50 гр. Заедно со коските и после да го поделам и да го замрзнам?
Јас така имам во мали теглиња во замрзнувач сварено месо. После само го одмрзнувам и го зовривам, па давам.
Вака, јас мисирката што ми ја донесоа ја поделив на неколку дела, копан, надкопан, бело месо итн. Значи ја исековме на неколку дела и замрзнав. Сега вадам пример копан и варам, го сечам откако ке го сварам и го делам на порции и давам. Можеш да свариш и цела кокошка/мисирка и да замрзнеш. Мене ми е полесно вака дел по дел, пример немам толкаво тенџере за цела мисирка, огромна е, затоа на овој начин. Да јас давам и само со морков и компир, давам и си брокула и тиква и таа комбинација ја сака. Ако имаш воведено маслиново масло можеш да додадеш. Не мора кромид да има и јас немам воведено и не ставам. Варам и јас со се коски и се мислев во кеси за мраз да замрзнам и по една коцка да додавам пред блендирање зошто баш течноста од коските е здрава и убава да се дава.
Како воведовте тестенини и какви дали за ручек или вечера. Тарана се мислев имам домашна со кисело млеко само да не е многу тешко за пред спиење? И пталиџан давате цел сосе лушпата ли?
Денес земав какао, некое природно со 22% какао (така пишуваше). Како го давате треба прво да го сварам или?
Денес сакам да дадам првпат грчки јогурт. Земав со 10% масленост. Планирам со палента да го дадам за ручек (едно лажиче грчки да ставам) само не знам уште што да додадам, некој зеленчук. Може некоја идеја мајки?
Јас вчера давав прв пат кисело млеко, го давав со палента ништо друго. Ми беше ставено палента посебно посебно кисело млеко, за да видам дали ке и се свиѓа и си јадеше без проблем.
А палента колку количински даваш мама? Јас до скоро една лажица палента со 100 мл вода ама моево е јадач се мислам дали да зголемам? 8++ е
Јас со овес го давам и варено овошје. Го обожава. Инаку сум варела круша, слива со палента и врз тоа малку јогурт.
Мами, ние сме 6++ Со пробување почнавме на 4++ На 5 месеци имавме 1 оброк - доручек На 5+ имавме 2 оброка- доручек и ручек Дали сега на 6++ можам да воведам и вечера? Инаку бебчето си јади 120-140 гр на оброк.
Мајки кога воведувате риба после колку време давате оброк млеко? Најчесто јаде 50-60 гр каша и после еден час е гладен, ама се мислам дали смеам млеко по риба толку брзо. Утре ќе давам ослич
Здраво Мајки, да прашам од кога почнавте со трет оброк-вечера? Колку количински дававте и колку ви се останатите два оброци? Кој путер без сол го користите? Почнав со трет пред една недела дури вчера изеде скоро цела готова каша на хип Ви благодарам
Што ја имам табелата може јапонско јаболко, протокали, киви, краставици, риба Јас од тоа не сум дала ништо сеуште. Каква урда давате? Козја може и со што комбинирате урда? И дали давате од замрзнатите зеленчуци што ги има во маркетите и како ги давате?