Исти сме, скоро 7м, и јас сметам дека е воведен. Најчесто нудам и втор оброк, па колку ќе изеде толку.
Останав јас назад со намирнициве. И се мазно блендирано. Или од кутии или каши од тегло. Морам повеќе да се ангажирам. Вчера и дадов леб трошка се грабаше за уште гледам не се дави и се свиѓаше. Со што да давам лепче? И колку од прилика? Читам на листава од 8-10 месеци смокви,брусница, грозје.. ако дадам суви се сметаат за воведени? И како да и ги воведам ? Ај ќе досаѓам уште у темава.
Исто. И јас сметам оброк. Ретко се случува да изеде 80-100 гр, ама и кога ќе изеде 40-50 нудам млеко по 2 часа Некој да ми слика бисквити за 7+? Од утре почнуваме со вечера па да му правам со ад. Некои меки да се растопуват во млеко сакам
Мене сестра ми овие ми ги донесе од Италија..Таа и со двете деца ги користеше и ми ги пофали.Уште ги немам дадено, ама за недела две ќе ги дадам.Ги има и во Бугарија
Сега проверив ги има и тука. Супер, фала ти ќе ги земам утре. По колку ставаш пример за еден оброк од 100гр? А извини сега видов дека немаш дадено. Некој друг да каже ако може
Мами кога воведовте месо од домашно зајче? Ние сме 6++ Овие денови планирам да воведам домашно пилешко месо. Дали после 1 недела откако ке воведам пилешко може да воведам зајачко месо, тогаш ке сме 6+++?
Ноќните кашички во тегличка какво млеко содржат? Во оние во кутија е нагласено дека е АД, во овие не, а и овие во тегличка може да се дојаде наредниот ден..Имате искуства со нив?
Добив препорака да не давам лосос туку бела риба. И зедов свеж ослич. Ама некни повеќе сакаше од мојот отколку во каша. И сега и варам и ќе и дадам парчиња. Плус тиквичка како прилог. За појадок јадеше банана, ананас и млечен ориз. Останува вечерата да ја смислам. Утре ќе и купам крем од кикирики и лешници, па да смени малку. Какао какво зимате и давате?
Мајки црвенило по образи не беше алергија на храна туку само реакција од допир со храната нели? Беба уште синоќе му се нафрлија образите со црвени точки и денес има уште, не такво црвенило како синоќа туку плиги како каснат од комарец да е на образот на повеќе места. Не знам дали ова е реакција од бисквитите вчера. Што правите по ваква реакција? Паузирате или давате пак втор ден?
Сега видов на интернет исто изгледа да, само 4-5 такви брункички има. Можно е од глутенот да е алергиска реакција?
За среќа не сме имале, јас немам искуство со уртики кај бебе. Мене ми се појавуваат од прашина и ме чешаат многу.