Чудно зашто кога воведов глутен немаше реакција. Фала ти сепак ќе дадам вечер па ако е исто ќе консултирам педијатар
Како изгледа тоа уртикарија? Бебче беше е црвено на образите ама и јас мислев од тоа што става се во уста од играчките.
Уф немав претстава дека вака изгледаат. Фала ти, среќа кај нас не се вакви. Тогаш незнам од што и се црвени образите, како со мали брунчиња.
Омилена комбинација на мојата ориз со тиквица, морков и малку грчки јогурт или павлака. Жолчката изронета одгоре. Со кисело млеко не го јаде, покисело и е веројатно. Кажете ми предлог на кашички што можат да се прават навечер и во тегла да ги чувам до ручек другиот ден, па да затопли мм само да не биде секој ден на готова со него
Ми рече да почнам со цитруси, грав и леќа. Риба за после година но јас дадов сега а ти веќе даваш мислам, така да
@eli25 има во Стокомак посна, само пченица и вода состав. @velesanka денес интегрални и правев со спанаќ, морков, абц крем сир и малку тиквица. Имам и обични Дивела посни дадено. Мене интегралните повеќе ми држат некако, па почнав такви и неа. Во зелена ќеса што се, ги има сегде мислам.
А ги блендираш? Мојов уште блендирано само јаде, парчиња му ставам пред него но не е заинтересиран за во уста, повеќе се тие за на земја
@velesanka да, блендирано и мојава само сака. Малку подолго ги блендирам макароните и со повеќе вода од варењето, се згуснуваат после. Тиквицата ја ставам за помазна текстура, не сака густо да е. А вака лепче си јаде, бисквити грицка, банана, кифлички посни и правам, ама кашичките строго блендирани. Ќе се научат, има време.