Исто, јаде парчиња, ама кашиве мора скроз мазни да се. Во иста држава сме, можеш да даваш ама како крем блендирани и мазни, плус 100 посто да е путерот на пример. Сега на систематски во 9 ти месец ќе те прашат дали си воведела месо, риба, јајца.
Користи ли некој од апаративе за готвење на пареа? Тек со четврто ми текна за ова. Се мислам да купам, па може и за нас да си го користам си викам. Вакво гледав
Дани јас прво зедов тенџериња на пареа и во план ми беше да купам после некој ваков апарат, ама патронажната ме предомисли и ми кажа да готвам нормално како што сум готвела до сега. Така ќе се хранела и во градинка и во школо. И ги вратив тенџерињата ма пареа.
Имаат продавница нивна на рампа К.Вода незнам баш каде точно ќе ја прашам сестра ми , она ми ја купува. И редовно наоѓав Тинекс . Не сум купила сега некое време зошто прејаде и јуфки и тарана и не сака сега .
Кисело млеко и дадов битолско ама фаца направи како лимон да и дадов и не го сакаше. Палента не ми сака. Ориз инстант од холе да, и варам наш не ја сака кашата. Не можам никакви комбинации да и правам од што пребира. Какво кисело млеко давате? И дајте идеи за оброциве веќе не знам што да давам се едно исто се врти.
Леле со к.млеко исто. Ептен немаме поголем избор по маркетиве во град на производи. Еден до два производители. Едвај наоѓав Алпско, највеќе ми го прифаќаше. Денес дадов битолско, секое лажиче со фаца намрштена му беше.