Јас воведов веќе путер од кикирики. Останатите не знам како да ги воведам. Најдов тегла со путер од бадеми, лешници и уште нешто, ама ако покаже реакција, ќе не знам на што. Јадењето го изеде со сласт. Страв ми беше малку, ама за среќа супер помина. Решив сите алергени пред година да ги дадам.
Не знам дали оди, ставив киноа, манго, праска и банана. Првиот пат пола лажиче. Вториот пат цело лажиче во 400 гр од прилика каша. Толку ми испаѓа кога ќе наредам се во чашата за блендирање. Денес со просо, праска, слива и круша го дадов. Доста интензивен вкус дава, макар и малку да ставиш. Јас прв пат пробав ради бебево, некако се навлеков, па почнав и јас помини замини да му крадам од теглата.
Мајки, аспарагус од кога се воведува? Чичко Google вика од 6 месеци, но да ве прашам и вас дали имате некоја препорака од педијатар? Кај мене на листата од педијатар не е спомнат.
Мојава во алпско кисело млеко и јогурт буквално се дави , се што не ми проаѓа само малку додавам к.м и нема проблем
Колку ставате во оброците кисело млеко, за бебе 9 месеци? И ако давате јогурт колку ставате од него колку од другите работи од прилика? Ставив една лажичка во палентата и не ми ја сакаше веќе втор пат незнам да не ставив многу си викам.
Јас не јадам млечни производи не сум алергична ама од мала не јадам. Освен млеко во кафе друго ништо. Е сега бебе исто не сака јогурт, кисело млеко. Пробав со се што може да се даде. Се гади, плува, а голем гурман е јаде се друго со сласт. Некое чаре да не биде како мене.
Јас ставам по две големи лажици , мислам да и дадам цело канче ќе го изеде инаку од прилика и ставам од се .
Не знаев каде да ги ставам па ајде овде.Личат на џиновски смоки немаат ни сол ни шеќер.Супер се за грицкање измеѓу оброк.
Ако не ме заборавиш, прашај па кажи ми зошто не можам да погодам друга тарана толку вкусна. Ај за јуфките се покривам со златно поље.
Денес ги гледав. сакав да ги земам за малата, речиси 11 месеца е , им пишуваше после година и ги вратив. Инаку ги гледав во ДМ -кај Беко , денес имаше