Па од нешто ми се исфрли, не сум сигурна од што, ништо ново не воведов. Прашок не сум сменила. Цела е црвена по рачињата, гради и грбче, ситни точки црвени. Па додека да се смири нејќам да и мешам.
Мене педијатарот ме советуваше само на цицање 1 ден и јаболче ама помала беше тогаш само со доручек бевме
Може не е од храна… Кај син ми имаше уртики , немавме воведено ново, ама тој период јадеше многу јогурт па објаснувањето беше од презаситеност на организмот. Тогаш пиеше сируп мислам авил беше за алергија и на диета со компир, ориз, банана….
Јас па не ги гледам ознаките, мислам ориентиционо да, ама за вакви работи не. Составот го читам. Ист состав се како лино смоките, нив не ги сака, веројатно и овие, но сепак ги земав
Мајки, малиот ми почна во градинка и во менито има млеко, што значи дека иако имаме 9 ипол месеци треба да му воведам млеко бар дома прв пат да проба. Ве молам за совет кое млеко да го воведам. (воопшто не ми се допаѓа идејата за млеко пред 12 месеци, ама немам избор )
Пеетпоставувам само за доручек е тоа така.. офф и нас тоа не чека нз и јас не сум паметна нит кое али помала количина секако ќе е тамј внесувањето а па ако кажеш да не даваат ќе биде безвезе едно јаде другово да гледа жалче…ај баш пиши какво ќе дадеш
Мајки дајте некои рецепти за палачинки, мафини, ќофтиња за тазе џвакачи без јајце. Може и благи и солени
Јас не ги најдов овде, ама има слични други, не ги баш обожава. Денес и зедов двопек на ДМ што е. Глода цел ден Да не е од пестицидите на пример што ги прскаат овошјата? Мојава се исфрли од јагоди, ама матичната кажа не е од нив туку од што се прскани. И за нив спомна само домашни.
Јас дадов сега 8+, ја варам кратко со круша или јаболко и додавам Хип бисквити неколку. Или со банана и овесни.
Како што ти кажале погоре, можно е да е од пестициди, моите двете реагираа на пестициди и ништо од пазар не смеев да дадам. Можеби имаш купено некое овошје или зеленчук што го даваш овај период константно. Пример, си купила 3кг јаболка и две недели даваш од нив, а веројатно се многу прскани. Или пак има слаба алергија на млеко (пример) а во последно јадела често млечни производи, а во спротивно нема да реагира ако ги јади во мали количини или поретко. Само тоа има логика ако не си вовела ништо друго.
Јас дадов од 8+ најчесто со банана и овесни ја комбинирам , или со круша и амарант ... или со банана и јогурт малку како ужинка..