Да да, сам од себе си почна. Ништо немавме променето. Кога премина 40та минута верувај проверував дали диши. И така си продолжи и понатаму. Сега уште една дремка има од 1-1:15 мин, а последната си остана 30 минути. Него на темава, 3 дена по ред одбива храна. Не сака ни да проба. Претходно си лапкаше со мерак, сам си јадеше со лажицата. Сега не ја ни доближува до уста, ја фрла. Му дадов банана во раце, само ја изгмечи, не проба. Ни вода не сакаше. А и нервозен е многу, приплакува на моменти. Мислам дека запче ќе излезе. Можно е заради тоа да одбива храна?
Мами дали можам да дадам инстант ориз на холе со варена брокула, морков и кромид ? Или мора и оризот да е обичен? Брокула заедно ли се вари со Др зеленчук или мора посебно?
Морковот подолго се вари, јас прво во водата го ставам зеленчукот што најдолго се вари, кога ќе омекне и другиот. Можеш со инстант ориз, зошто да не.
За бебе од 5 месеци што е полесно од зеленчук да проба и колку количина да дадам? Сега имаме само воведено само јаболко и круша,а почнавме со вкусови пред 2 недели
Дали можам ваква брокула да дадам? Ја имав купено пред 4 дена стоеше во фрижидер замотана во стреч фолија, но потемни, цветовите се жолтеникави?
Обично не давам таква брокула, не дека не е во ред туку некако тежок вкус има кога е постара. Како идеја еве можеш зелена боранија да дадеш, убава е.
До пред некој ден ноќе/кај мене е веќе рано наутро, ја земав во раце, пиеше млеко и веднаш ја враќав во креветче. Ова од после три месеци, до скоро 4. Претходно ја држев исправена неколку минути. Сега по совет на пријателка пробав само што ќе се размрда во времето за храна отприлика, да и го дадам во спиење директно в креветче шишето. Две вечери си го пие така и си продолжува со спиење. Не се случило да поврати или слично.
Исто само кај нас после 5 месеци фати некој ред со дремките , и сама си ги прекина ноќните подои од нигде никаде , со оброците не беше врзано