И јас добив ваков совет, давам само банани и авокадо. @Iris-1234 Домашните можат да ги контролираат само ако имаат регистрирана фарма, инаку нема начин. Два пати годишно ги носат јајцата на испитување во Агенција за храна и ветерина.
Мене ми е страв уште да дадам свежо овошје поради пестицидите. Кратко ептен варам, не знам ни дали помага тоа, не можам да најдам домашно овошје. И тоа што најдов кажуваат луѓето отворено дека мора да прскаат за да има род. Друга работа за јајцата не знаев, јас земам од колега на мм што чуваат кокошки дома нема контрола сигурно. Да почнам купечки да давам ако не, од Везешари пример? Тука имав прочитано дека ги даваат нив како најпроверени.
Со ориз. Сега знам и со компир, тиквичка или просо. И додвам павлка или урда. Ја обожава комбинацијата.
На почеток ориз со што воведе, ние сме скроз на почеток и имам воведено само морков и јаболко мала е 4+++ е ама ми рекоа да почнам со пробување на вкусови.
Јас од 5м воведов. Кај нас одлично одеше и за неколку дена од кога почнавме почна да јаде цела тегличка.
@JuLleE давам купечко по малку негде смешано. Ја редовно имам житни млека дома си ги мучкам во сенешто. Јас сум нетолерантна на лактоза па бадемово и кокосово ми се топ замена, а многу ми беше тежок преминот. Иначе има и смуди на Хип, ретко нешто што го пие ко залетнат и бара уште. Не јаде ништо блендирано освен ова смуди и кашичка од слива. Овошје никогаш не варев, ни за првото. Чувам во вода со оцет и плакнам наизменично со топла и ладна вода. Лупам длабоко. Овошјето кога ќе се преработи ништо хранливо не му останува…
И јас дома имам растителни, бадемево, а и кокосово оти и јас ги користам. На Алпро се. И овие ги зимам, ќерка ми е луда по смукалките. Ќе и ставам и јас, супер помина со путерот од кикирики.
Мајки кога воведовте млечни и со што почнавте? Синко е 7м сакам да воведам. Од кои бренд купувате и дали треба по неколку дена сите млечни да се воведуваат?
Јас давам Алпско или Бучен козјак. Почнав на 7 месеци со јогурт, планирам следно кисело млеко, павлака и моцарела. Тоа би било засега, солено сирење, кашкавал ќе ги оставам за после година. Само првиот пат давав 2 дена, другите директ ќе ги дадам. Битно е масленоста да е висока, имаш и овчо кисело млеко од 6% ете тоа можеш да го воведуваш 2-3 дена. А кравјо првиот пат внимавам пример со јогурт и после давам колку сака зашто се рачуна за воведено.
Почнав со кисело млеко и павлака на 6 + месеци. Почнав со домашно кисело млеко, киселев сама, сега на 7+++ давам и грчки јогурт на грекос и олимпус.
Во листата која се врти овде гледам цитруси од 10-12 месеци, а во мени на градинка до две години редовно има сок од портокал, чај со лимон итн. Ако бебе би тргнало во градинка на 8 и пол, 9 месеци, ги прескокнуваат тие работи или пак ги воведувате порано? Не сме почнати ние со воведување вкусови ама кај и да е ќе биде.