Какви тарана и макарони(тестенини) давате? Што бренд да барам?? И како ги комбинирате домат, краставица?
Зависи дали имаш воведено јајца. Јас најчесто Миско купувам најубави ми се, не сум купувала некои посебни за бебе. Патлиџан најчесто со мелено месо правам како болоњезе, краставица само свежа кога почна да јаде парчиња.
Телешко за бебето ама го блендам се уште зашто не јаде парчиња, на поголемиот мисиркино и телешко. Од мисиркиното ќофтиња му правам, од телешкото и ќофтиња и сос болоњезе.
Дааа, најубава е Околу една недела. Мене не ми трае толку оти и јас јадам од неа Сезнајки, кога смее грозје на бебе? Не грозје-грозје да давам, туку хипис кашичка со грозје имам па затоа прашувам.
Каде ја наоѓате? Ќерка почна да не ја бендисува оваа што ја јадеме па да сменам. Грозје-грозје јас дадов на 7+. Не знам дали е правилно, имав домашно тогаш
Јас толку се надевав матичната дека ќе ни објасни за воведување на цврста храна, ама таа само ни набројуваше намирници и скроз ме испобуни. Вчера и денес сварив јаболче и го блендирав ама не ми искочи така мазно како кашичка, не знам што правам погрешно. И дадов неколку лажички ептен на врвот само од што ми беше шубе. Читав дека јаболкото е потенцијален choking hazard и дека треба убаво да се спреми согласно возраста на детето. Дали треба вода да додадам? А и како се дава вода и колку? Од шише или со лажичка? Ќе ја носиме утре на приватно се надевам подетални ќе бидат, матичнава ме прекинува како на тајмер и не ме ни слуша што ја прашувам, а не е мала работа реално.
Треба да свариш количински многу за убаво да се изблендира нормално и вода треба од истата каде што се вареше јаболкото. За мала количина ќе треба јаболчето да го гмечеш низ цедилка и исцедениот дел да го дадеш. Наједноставна но најскапа опција е готова каша од јаболко од аптека. Не плаши се ќе влезеш во штос не е ништо комплицирано, само генерални насоки од лекар и толку е.
За јаболкото како потенцијален choking hazard се мисли ако се дава свежо да го гризе. Има насоки како соодветно да се припреми ако решиш парчиња да даваш. За варено па блендирано не е случај За вода можеш да му нудиш. На почеток генерално не пијат кој знае колку. Може и скроз да одбива. Моево стандардно шише не прифати, па од чашка за ракија му давам. Има и шише со клунче, ама повеќе си игра со тоа, не пие.
Сакам да му дадам прв пат пилешко од кашичката на Холе. Читам составот вика пилешко и скроб. На што се мисли со ова скроб? Односно што треба да му имам претходно дадено за да не бидат две нови намирници?
Jas gi ispekov jabolkata I gi sobrav vo Mali teglicki, I gi vrativ teglickite vo rernata za da se vakumiraat. Gi izgmeciv so viluska, taka davam se. I si dzvaka kako golema. Ednas ispasirav batat vo nutri bullet I bese epten mazen I ne go sakase. Probaj ispeci gi, mnogu se poubavi I povkusni peceni.
Здраво мајки. Треба да почнеме со пробување на вкусови на близнаците. Во дилема сум со какви каши да почнам, дали купени или да и правам дома. Сакам да почнам да и давам дома правени, готвач нов и купив, спремно е се, ама не знам колку е квалитетно и здраво тоа што се нуди на пазарот и како готова каша и овошје што може да се купи, сезоната не е баш најдобра. Што дававте вие, ве молам за искуство, секое е добредојдено
Мајки скоро 10 месеци сме. Ќерка ми сеуште се сака мазно. Се осеќам како глупости да јаде само. Доручек од кутија житарка и плус овошје. Ручек или варен зеленчук или каша купена со месо. Вечера каша за добра ноќ. Искрено мене ми се здосади ова иако не го јадам јас. Пробав палента, гриз, тарана, кус кус ништо не сака прави фаца како да се гади и одма нагони за повраќање. Месо дома кога и готвам не јаде. Ориз ако ставам во кашата исто во канта завршува. Просо не. Заради тоа давам се од кутии. Или од каши. Таа тоа што го јаде си јаде солидно полн тањир. Ама се едно исто се врти. Кажете веќе што да пробам друго да и дадам да јаде. Трошки леб јаде и смоки ама кашиве мора мазно. Ма да ете и тестенини и дадов блендирано не ги сака. Кисело млеко павлака такви работи како лимон да сум и дала. Немам веќе идеи што да и дадам.
@Erika.greeneyes исто, само мојава не јаде ноќни каши и месото ако го изблендирам убаво го јаде без проблем. За вечера мазна пченкарна каша со грчки/урда/абц скоро секој ден. Насабајле овошје со мазна каша овесни/3 житарици Холе/мулти од Хип. Ручек готова пилешка или домашна кашичка мазно блендирана. И тестенини мазно блендирани мора да се. Јаде смоки од лино тие со морков сама без проблем, бисквити хип, лепче и кифличка домашна. Тоа е јадењето. Денес и дадов купечка мисиркина од babylove, не е блендирана целосно и почна да се дави, две три лажички изеде само Не знам кога и како ќе почнат да јадат парченца, ми се здосади и мене од исто па исто.