Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.012
    Допаѓања:
    327.997
    Пол:
    Женски
    Сезоната ти е баш убава :)
    Сега излегуваат полека кајсии,праски,цреши,јагоди.Наскоро и малини ке има.Банана,јаболко,авокадо,круша имаш секогаш.
     
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Вчера и направив кус кус со абц крем сир ( мислам тебе те прочитав). Пробав и јас многу вкусно беше таа кога почна да се дави од првата лажица и одма дури како да поврати реков се удави девојчево. И нормално јас го изедов.
    Истите смоки и мојата ги јаде со морков. Ги жвака, и трошките леб исто убаво ги жвака.
    Прееска јадев банана и давам и неа кога почна да се гади. Што дете ќе беше.
    Немам веќе идеи што да и дадам.
     
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes те разбирам целосно. Со првото дете немав вакви маки, сецкано си јадеше на оваа возраст и брзо почнав да готвам за сите заедно, прилагодено за него. Вака мислам долго ќе им треба да почнат нормално да јадат.
    Мојава банана јаде од цуцла за овошје и тоа треба да ја испасирам малку со вилушка инаку пак се дави поголемо парченце ако излезе (facepalm)
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Излегуваат да, ама не се убави, мислам не се домашни. Купив за нас кајсии и праски не можев да направам разлика кое што е, исто се, без никаков вкус. Не ми се дава на децата така. Многу пријателки ми викат да купам био подобро, како тоа било повеќе испитано. Да ме прашаше некој пред да имам деца, категорично ќе одговорев дека нема шанси купувана каша да давам, ама сега стварно не сум паметна што е подобро, уствари што е помалку штетно ќе излезе работава...
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.832
    @Erika.greeneyes како го спреми кус кус со абц? Која количина од двете?
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Дали некоја дала јајце околу 7 месец? Ние сме 6+ и рано ни е ама ме заинтригира тоа што го читав на нет.
    Читав и на Solid starts дека многу е подобро јајцето да се даде што порано и цело, така шансите за развој на алерија биле значително помали.
    Не знам како ќе ни препорачаат нам ама ме интересираат искуства и дали некоја дала порано јајце.
     
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Iris-1234 мислам дека @JuLleE даде цело таа возраст или порано, по препораките од таму. Јас дека имаше реакција големиот и со страв воведувам јајце инаку по нови препораки е точно дека порано се даваат сите алергени од таа причина.
     
    На Iris-1234 и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
    Не памтам точно кога дадов јајце, ама околу 8ми месец беше.
    Исто на солид стартс читам и оттаму се водам со воведување намирници.
    Е сега прво воведов жолчка три дена, па после недела-две и белка, исто три дена.

    Исто и риба релативно рано воведов.
    Минатата недела и путер од кикиритки (на 9++).

    Еден топ алерген неделно. Пример оваа недела воведувам жолчка, ако сакам да воведам белка тек наредна недела.

    И јас читав дека е подобро порано да се воведат тие топ алергени, па затоа и побрзо ги воведов отколку препораките тука. Се охрабрив и од Јуле :)

    Многу и не прашувам доктори зошто не објаснуваат околу воведување намирници, се водам по тоа што читам на интернет. Набрзина само ја прашав докторката, бевме на преглед со бебе дека беше настината, дали може да и воведам јајце и риба откако ќе оздрави, само ми рече може. Бебе тогаш беше 7 ипол месеци.
     
    На Iris-1234, jelo и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.210
    Допаѓања:
    258.576
    Јас дадов. Прво пола жолчка, нареден цела жолчка и следно белка и цело јајце. Околу 7 месец беше мислам.
     
    На see.emily.play и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  10. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    2.238
    Пол:
    Женски
    Јас жолчка дадов на 7++ а белка на 8++ месеци. Немаше никаква реакција. И не давав постепено помалку туку еве за жолчка конкретно дадов 1/4 па по два дена дадов пола жолка и наредната недела цела жолчка дадов. Белка не дадов само белка туку му направив омлетче со едно јајце на маслиново масло.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    2.238
    Пол:
    Женски
    А јагоди дали сте дале и кога? И ако да какви од каде купени?
     
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.520
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Мојава не се дави од бананата туку се гади не и се свиѓа вкусот.
    Исто и јаболко,круша абе ништо не сака од овошје. Затоа овошје и давам од купени каши.
    А зеленчук кога и варам дома си крка обожава брокула спанаќ такви работи. А од купени каши не.
    Не знам и јас што ќе се прави вака.

    @le.soleil уф да не те лажам од око го правев. Водата да зоврие додадов кус кус се од око без да мерам и потоа додадов и абц крем сир. Пробував додека не го погодив.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Белка како воведувате и каква комбинација?
     
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу, девојки:l:
     
    На see.emily.play, JuLleE и jelo им се допаѓа ова.
  15. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    2.238
    Пол:
    Женски
    Омлетче на маслиново масло (имав воведено жолчка прво), и како лентички го исеков бидејќи бебе мое јаде со раче парченца. Комбинирам со урда, со блитва, со спанаќ, како палачинка со цело јајце, овесно брашно и банана.
     
    На JuLleE и Bebetoo им се допаѓа ова.
  16. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Може ли некоја мама да ми објасни што се случува со моево бебе. Имено, прими вакцина, не знам дали тоа има некаква врска, поминаа веќе скоро 10 дена, но од тогаш па навака има страшни промени во јадењето.
    Стигнавме до ниво кога ќе ја види тегличката уште одма да се врти на страна и со рацете да ми брани.
    Земав од шмукалчињата и само тие едвај ги јаде.
    Гледам и бисквита некако пројаде, затоа што му ја гризав и го заинтересира што јадам.
    Сакам да прашам која е разликата во шмукалчињата и кашите во тегла?
    Дали ви се случило да дадете и доручек и ручек овошје?
    Како да успеам сега зеленчукот да го дадам кога не сака ни во чинија, ни во тегла, ни блендирано, ни парчосано?
    Од друга страна, бебево многу напредува во килажа од моето млеко и не сакам толку да цица. А веќе со денови пак е на цице, ретко јаде и кога јаде се 2-3 лажички со сила. Млеко си пие.
    Многу се нервирам, наместо да кратиме подои, ние се враќаме назад.
    Да се надополнам, не се заби, нема абер.
     
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Период му е сигурно. Велиш не се заби, иако ова однесување е карактеристично за заби.
    Да земеш ќесички како шмукалчиња на Твистшејк и да ги полниш со тоа што му спремаш.
    Единствено, тоа ми дојде како идеја сега.
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Белката не е како жолчката да се воведува постепено?
    Моево се дави од парчиња:envy:
    Да пробам омлет сабајле да му направам можда од него нема да се дави:?:
    Ама он незнае ни сам да посегни со рака по нешто, ако му дадам нешто во рака лижнува и прави фаци за повраќање, ни смоки не сака.
     
  19. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Каде ги има ќесичките?
     
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мајка ми на внуците од брат ми кога им спремаше палента кршеше едно јајце внатре додека ја вареше палентата и мешаше убаво. Ќе си се свари во палентага ама ништо не се познава. Можеш така да пробаш само со белка.
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.