Првиот пат кога дадов омлет со едно јајце, му исеков 3,4 лентички. Отприлика пола омлетче му дадов и го изеде. Немаше реакција. Наредниот пат пак исто дадов. Денес јадеше рендано варено јајце во комбинација со палента, речиси цело го изеде, можеш така да пробаш помалку да му дадеш ако не сака парченца. Е супер идеја и на @Iris-1234
Кога почна со blw метода? Од 6м? И дали бебе лесно ја прифати методава? Многу сакам да почнам со blw ама ептен ми фуфка од давење.
Уште малку 11 месеци прави сакам да и дадам јагоди домашни имаме, како да и ги воведам во кашичка или само јагода да и дадам? И дали да ги варам или свежи?
Почнав од 7 да му пасирам ( да не е блендирано) со виљушка се освен месо, месото морав со блендер ми беше страв многу од давење. Постепено се помалку му го пасирав јадењето. Почнав со печено јаболче, омекнато ама не скроз, прво со моја рака му давав и плус секој пат кога тој јадеше јадев и јас и намерно џвакав и испуштав звуци погласно за да види како треба. Потоа зеленчукот на пареа му го правев, на лентички дебели за да може лесно да ги држи во раче, дел пасирав дел му ставав на хранилка пред него. Лесно прифати, сега се лути ако му давам каша, сака текстура да осети. Многу ми беше и сеуште ми е страв од давење ама еве пример лино смокичките со морков што се ги става цели во уста и џвака Инаку има 6 запчиња па можеби и тоа е предност. И да, од солид стартс апликацијата гледам која намирница како да ја давам за да не дојде до давење. Се надевам ти помогнав
Многу ми помогна, фала ти Факт е дека стравот од давење ќе си постои ама методата е дефинитивно одлична за развој и на вилицата ама и на моториката.
Да ми предложите бисквити за бебиња 7+? Земав едни на Лино, шеќер имаат и составот не ми се допаѓа, некои ако има со по ок состав.
Свежи, добро измиени само. Дај само јагода или во поголема количина ако даваш со нешто за да видиш дали дали ќе има реакција. Пс: јас дадов пред некој ден, 7+++ е, првиот ден комбинација со грчки јогурт зошто домашни од двор кај мајка јагодите и малку кисели беа, недоволно зрели, утре дента само јагода и третиот ден како џем и сварив со палачинки давав.
https://biskids.mk/produkt/jabolko/ @Alexandrite мислам и во другата тема ти реплицирав за нејадењето. Моево одбиваше максимално храна и вода недела ипол. И вчера наеднаш си пројаде пак. Цела тегличка ја изеде и уште бараше. Чекав запче, ама ништо. Изгледа период им е.
Од кога почнавте да давате шмукалчиња? И ги давате така директно или ги ставате во чинија како каша? И дали ги давате за време на оброк или измеѓу како ужинка? П.С добив многу на поклон па да знам дали да фрлам
Ако од составот имаш се воведено можеш да даваш, пробај ако знае да влече/ шмука давај ги така. Повеќе се за ужинка ама во комбинација со нешто може оброк да бидат, пример со грчки јогурт плус шмукалче, некоја житарка, бисквит и сл.
Ги давам, стискам на лажиче и така му нудам. Не знае да ги шмука мојот Некогаш и ги додавам во житарка па така ги нудам за доручек
Фала ви на идеите, супер ќе ми дојдат кога ќе почнеме со доручек наредниот месец. Утре ќе пробам да му дадам така да шмука, ќе видеме дали ќе се снајде. Имам се воведено, значи да не воведувам пак по 3 дена така? Пример може денес да му дадам, утре не?
Јас гледам по составот, пр на holle има јаболко, банана, цвекло.. сите намирници ми се претходно воведени, и ова го давам исто како да би го правела дома. Нареден ден си продолжувам со нешто друго
Можеш и преку нив да воведеш јагода (ако другите намирници ти се воведени) . Јас преку шмукалче воведував праска, во останатите готови каши со праска имаше шеќер
На колку месеци почнавте да ѓи давате смоките со морков и да давате трошки лепче? Ние сме 7 месеци и 4 дена
Кога беа помали им ги давав чисти со лажиче или ги комбинирав со житарки за појадок. На 8+ почнаа да ги шмукаат.