Јагодите сами по себе не се алерген, најчесто реакција даваат од препаратите со кои се прскаат. Затоа и се препорачуваат во одредени листи после 12месеци. Доколку може да набавите непрскани слободно давајте.
Од кај зимаш мисиркино? Пилешко имаш од Аве, еко е и стварно е природно, се познава кокошката кога ќе ја испечеш. Риба од рибарница зимај, не знам кај вас има ли од наше море директно, овде има и таква купувам. Штета е покрај море да даваме увезена. Мислев на готвени што мрзнете. Јас купувам сезонско, што има тоа.
Точно, мојата реагираше на препаратите. Не сум нашла домашни и сега само во оние смутите ако има давам, вака не.
Да, земам пилешко на Аве, земам и на Perutnina Ptuj оние со Натур премиум етикета (PPR reja што се), а кога стига породилно знам да купам и цело био пиле на Natur*Pur кое е најскапо од сите и затоа тоа поретко. Мисиркино земам селско, од месара на пазар. Купувам поголема количина, варам и замрзнувам. Риба купувам свежа од рибарница, не гледам баш да е локално потекло, земам и увезена, ама да, генерално да е од Јадран.
Е скапа е онаа еколошката. Мисиркино не знам од пазар овде дали има, треба да проверам. А баш може да и сменам малку. Инаку храната во градинките е од Аве претежно и пилешкото е тоа на Перутнина премиумот. Се е од контрлирано и еколошко потекло. Многу внимаваат на тоа што е одлично.
Овошни каши без житарици обично ако со каде парчиња бисквитче нешто така.. Не. Наеднаш се воведува, пример со кајгана или тестенини со јајце, кифличка ... Со жолчката заедно да.
Јас дадов тарана и едни ситни макарони како солзи, дали тоа значи дека сум вовела јајце целосно? Мака мачам со ручекот, седиме заедно јадеме, ја по малку, бебе по малку, белка никако цела не можам да му дадам, ни осмина нема изедено. Како им давате јајце цело? А и друго. Јас никаков ред немам веќе. Вечера уште немам воведено, а ќе прави 9 месеци. Ручекот дали 3-4 лажички ќе изеде, или сега по ново се раниме со прсти, наместо лажица и ја јадам, он јаде. И јаде колку врапче. Не знам дали да му давам вечера кога ни ручек не јаде. Некој пат сака шмукалче, ама и тоа е овошје. Се рачуна тоа како вечера?
Мами од млечни производи што прво давате? Кисело млеко, павлака, јогурт или урда? Ние сме 7+ И сакам за прв пат да воведам млечни производи.
Дали инстант кашите можат да се спремат порано неколку саати, па да се измешаат со овошје? Мислам на житните без млеко што се. Пример во 7 да спремам овесни, кон 9-10 мм да ги измеша со пасирано овошје.
@Alexandrite јас би давала, па макар да е и само 3-4 лажички. Колку да се воспостави некаков ред. Па со тек на време ќе зголеми со јадење. Моево се разјаде повеќе кога почна со ползење. И исто ручек воопшто не ми јадеше кога и давав во форма на каша, кога почнав и да давам парчиња и сама да си зема со рачињата почна повеќе да јаде.