1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Секоја мајка си знае што , кога , колку и дали треба да му даде на своето Чедо ! ;)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.894
    Без навреда, но како секоја мајка знае без да се информира од доктори и релевантни извори?
    Јас чекамм бебе и уште од сега се мислам како ќе научам што и кога му треба, тоа не е инстинкт кој се јавува со чинот на раѓање (на крај на краиштата советите за исхрана многу се менуваат и она што е сега препорака не било така пред 10, 20, или уште повеќе години).
     
    На leona83 и Kitten им се допаѓа ова.
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Да, така е, ама кога веќе знаеш дај пиши зошто јас не знам, зошто баш на три месеци па и сок даваш?
    Не си единствена што дава ама еве пиши која е причината.


    П.С- не дека нешто ќе ти влијаам на одлуката ( и да сакам не можам), само ме интересира.
     
  4. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    45.930
    Пол:
    Женски
    Мене нешто не ми е јасно во врска што спомна darcy. Јас кога сум се родила на мајка ми од болница и дале книга за се околу бебето и меѓу другото пишува во кој месец што да се дава. На пр. во вториот месец две-три лажички сок од портокал, во третиот месец каша од јаболко со бисквити и итн. Кога се поротив мајка ми уште ја чуваше книгата и ми ја даде ама мене не ми паѓа на памет според неа да го хранам моето дете. Мајка ми мене се по таа книга ме има хрането и фала Богу сум се развивала супер. Значи тоа било пред 27 години. Многу ме интересира зошто тогаш педијатрите така советувале, сега поинаку зошто книгата била напишана од педијатар?! :?:
     
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Многу пати и јас сум прашувала и одговорот бил дека времињата се сменети, науката напреднала, дека сега заради икс услови има повеќе алергии, нетолерантност и сл., дека многу зависи сега што даваме на бебињата за развивање на организмот понатаму и сл.
    Вистина е дека ние на друг начин сме раснети ама во време кога на овој начин се чуваат децата и кога др.викаат дека треба после 4 или 6 месец се дава дохрана ( педијатри од цел свет значи) некои даваат храна на 3 месеци.
    Затоа прашав зошто некој дава храна на таа возраст, на пр.зокето рече секоја мајка си знае, е што знае? Може јас не знам :?:
     
    На WORRIED.BT и Kitten им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    144.903
    Пол:
    Женски
    a бе зајче ,само пред 8 години кога го родив првото дете кравско млеко смееше да се дава од 6 месеци а сега го забрануваат и после годинка.....времинјата се менуваат , знаенјето се проширува ама бисквити на бебе од три месеци и цитрусни овошја .... јас би го испитала авторот колку е за веруванје.а и не секој педијатар е за верба за жал.мене лани педијатар во советувалиште ми велеше да му дадам банана на син ми кој имаше 2 месеци :?: селектирам и не прифакам се што ке ми биде кажано или што ке прочитам...подобро покасно да воведам нешто отколку предвреме па да му наштетам,ама ко што рекоа погоре секоја мајка најдобро си знае.
     
  7. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Aj да се надоврзам на Worried ....
    Кога одлучив на 3 месеци да давам кравјо млеко на ќерками мислам дека изпаднав најлошата мајка на форумов, сите ме критикуваја као свесно му наштетуваш на бебето ,алергии ова она...па еве ја има прекрасна крвна состојба прекрасно напредува и нема никаква алергија појавено...здрава е ко дрен, во овие 9 ипол месеци само еднаш ми се има поболено итн...Исто како и секое друго бебе што е до 6 7 месеци рането со АД, итн..исто така и на 3 месеци дадов сок..на 4месеци овошни кашички на 6 месо...можеби некои сметаат дека ова е крајно грешно но јас така си знам и затоа никој не прашувам..еднашш се изгорив :P
     
    На ddevojce, donna.17 и zoketo им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.710
    Допаѓања:
    145.058
    Е гелка, и сестра ми била на кравјо од 3 месеци, и мајка ми ко тебе ,се супер.
    Јас на АД едвај по 40мл сум пиела, а она ко поголема од мене, румена, супер крвна слика.

    Ама сега знаеш што?
    Неможе да крене глава од алергии, нема нешто што не и смета.

    Така да внимавајте, не сешто е кажано е без врска,затоа што новите мами се модерни.
     
    На gelkaa и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  9. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Ќе видам и ќе кажам по неколку години ;)
    Се надевам нема да биди ко сестрати...секое дете засебе :)
     
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.158
    Допаѓања:
    144.903
    Пол:
    Женски
    и мене најмногу ме нервира реченицата -...и нас тоа и тоа ни давале па еве што ни фали.ништо не ни фали ама мојата генерација или онаа близу до мојата се почесто ја гледам на некролог или слушам дека некој е сериозно болен,а алергии и други секојдневни болести не ги ни сметам .здравата исхрана е темел на здравјето на секој човек а кај бебинјата и малите деца посебно.
     
    На leona83 и duffi им се допаѓа ова.
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    И пак никој не кажува зошто, посебно сок ако мајката има млеко? Можам донекаде да разберам да се даде кравјо или храна ако родителите заради финансиски причини го прават тоа, ама да имаш млеко и да даваш сок на три месеци?
     
    На marchi-cool и zuto им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.706
    Допаѓања:
    323.173
    Пол:
    Женски
    Штом толку им се нагледувате на бабите и нивниот совршен живот во минатото почните дома да ги рагјате бебињата.Пошто они и тоа го праеле па нели ништо не им фали.
    За жал последиците некогаш покасно излегуваат на површина.Зошто ли само пола нација умре или е болна од канцер.Ај бидете искрени и кажете дали мегју вас има бар една чија баба-дедо не починале од тоа?Тоа се тие генерации.Зошто на сите страни врчат статии,книги,истраживања дека ракот се добива токму од неправилна исхрана.Ова не важи само за бебињата туку и општо.
    Дајте не брзајте има време навистина за се.Утре ке пораснат и ке јадат секакви гјубра,бар додека се мали и додека имаме влијание на нив да им обезбедиме што поздрав начин на исхрана.Малце може оф топик е постот но кој разбра ок,кој не чао пријатно.
     
    На ddevojce, Sunshine3, slimy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Мајки ставате ли путер во кашичките? Докторката ми спомна дека можам да ставам по малку. Јас сум во план да ставам маслиново масло.. за путер и не сум баш сигурна.
    И уште нешто.. Компирот го пасирате или го блендирате? Блендиран е како гума, дури и вкусот му е заникаде, не знам дали таков да му го давам или сепак да му го пасирам?! Вчера прв пат проба компир, не е воодушевен ама си го изручка без проблем. :clap:
     
  14. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    742
    јас да ти кажам ставам путер од мегле бидејки од маслинововто му беше тешко на стомачето два пати му ставив и два пати ми плачеше го прекинав и се смире ама воведов покасно негде од 7 месеци
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Еве прашање за нова, се надевам конструктивна, дискусија.
    Кога воведовте втор оброк на бебињата, во смисла на време после воведувањето на целосен оброк од сабајле.
    На фб во една група прочитав дека требало после месец и пол или два по воведување на првиот оброк. Тоа за мене нема смисла, а може има па јас не знам. Мене др.ми рече веќе после 6.5 месеци да воведете и втор оброк ( знеше дека пред 6 само пробуваше вкусови).
    Искуства?
     
  16. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    742
    Јас втор оброк воведов како што рече негде послем 6 и пол месеци по препорака на педијатар.
    На сабајле овошје поручек зеленчук.
    Потоа некаде околу 7 и пол месеци воведов и трет,на вечер ама не многу касно оклу 18 до 19 часот му давам некоја млечна каша со житарици на хип или пак палента со јогуртче.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Леона, мојот педијатар ми рече да му давам на синко кашичка два пати во денот по 50 гр.
    Јас на почетокот го ограничував и завршувавме со плачки. Ми беше жал и за кратко време му дозволив да си јаде колку сака, без да бројам залаци и внимавам на грамажа.
    Значи кај нас обидот за пробување вкусови од лажичка - две, заврши со ручкање на цела тегличка, што го сметам за оброк. :)

    Од завчера почнавме со зеленчукови кашички. Планирам да продолжиме со два оброка во денот.
    Така што наутро планирам да му давам овошна каша, а попладне зеленчукова.

    Ако детето јаде без проблем се што си вовела до сега, ако количински сака да јаде повеќе од неколку лажички, тогаш не гледам причина зошто би чекала месец - месец ипол за втор оброк.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Јагода, затоа и ти пишав тогаш, ако сака бебето давај му. Јас веќе една недела давам да речеме и ручек, количински некогаш е 50 гр некогаш и 120 гр. Значи колку сака бебето. Плус повеќе ги сака зеленчуковите кашички па се замислив да не правам нешто лошо, да не му биде тешко на бебето, оти гледам дека многу нервозна е периодов ( ама може и заби да се во прашање- не знам). За една недела ќе полни 7 месеци.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Моето искуство можеби ќе се разликува зошто ние од вториот месец сме на АД, не знам дали има разлика со доените бебиња.
    Јас почнав некаде од 5 месеци и три недели да и давам да пробува вкусови. Веќе на шест месеци и една недела имавме цел оброк кој тогаш беше околу 80 грама ама сметав дека тоа и е доволно и не дополнував со млеко, постепено си ја зголеми количината како растеше. Не ја форисирав никогаш за повеќе ама немам кратено на јадење.
    Некаде недела пред да наполни 7 месеци го имаше и вториот оброк т.е зеленчукот и од полни 7 месеци јас почнав и со телешко да и давам, значи комплет оброк. А мислам дека нешто ситно пред да наполни 7.5 месеци веќе имаше и трет целосен оброк со житарки.

    Искрено и јас мака мачев со овошјето и ден денес со него се залажуваме. :)

    Така да, ти советувам да си го следиш детето, ако ти е спремно и на 6.5 дади втор оброк ... ако мислиш дека не може да го прифати почекај недела плус. А ако слушаш секакви искуства ете и јас да ти кажам друг пример што знам мајка што вториот брок на 9 месеци го воведе, а некаде на 10.5 третиот оброк. :)
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    28.472
    Многу се мслев од кога да воведам цврста храна во исхраната на моето бебе и одлучив дека сега е време за тоа, имаме полни 5 месеци.
    Вчера и дадов каша од јаблоко од Хипп, ја јадеше. Денес и дадов бленидрано јаболко и не го сакаше, потоа се обидов со сварено јаболко па блендирано и пак не го сакаше. И сега сакам да ве прашам на кој друг начин можам да му понудам јаболко на моето бебе (освен тие од Хипп)?!?!
    Ми рекоа со бисквита да мешам, ама нема шанси да го пробам тоа кога бебето вчера прв пат проба јаболко. За бисквити ни е ептен рано, така да тоа го одлагам за понатака. Шеќер исто не ми се користи уште од сега.
    Можам ли со млеко да мешам, можеби повеќе ќе ми го јаде така. Каша со јаболко и млеко :puke: , и какво млеко, мајчино да молзам или адптирано да купам...м?
    Ајде мамички давајте идеи!