Мајки готова каша на хипп ако ја отворам за да пробаат само, воведуваме вкусови, може ли утрето од истата да и дадам?
Да, само да не даваш директно од тегличка, во чинија извади малку колку што треба. Овошните по отварање имаат рок 3 дена во фрижидер, на зеленчуковите обично 24 часа пишува.
Ние сме 7+ Сакам да воведам млечни производи и имам неколку прашања : 1. Како да воведам млечни производи? 2. Што прво да дадам : Јогурт или кисело млеко? 3. Каков давате и со колкава масленост ?
1. Во кашичка 2. К.млеко 3. Бучен козјак полномасно. Сите млечни производи мора да се полномасни за бебе.
Мајки со деца интолерантни на лактоза дали пробавте млечни? Бев на уште едни консултации, ми рекоа да му давам млечни (кисело млеко, јогурт без лактоза). Препорака? Дали само алпско имаат без лактоза? Масленоста на јогуртот е 1,5 а киселото млеко мислам 2
Воведуваш нова намирница, небитно која, наутро. Во случај да има реакции да можеш да приметиш. Јогурт или кисело млеко зависи од тебе, попрактично е кисело млеко поради конзистенција или барем мене ми било. Давам грчки јогурт со 10% масленост доколку немам време сама да подкиселам млеко. Обично давам за доручек во комбинација со палента, палачинки, со некое овошје мешам како овошен јогурт и сл.
Дадов Битолско кисело млеко со 3,2 масленост, со банана и праска. Сега наредно јогурт обичен, грчки јогурт, павлака и урда. Дали исто треба да ги воведува по 3 дена или веќе со киселото млеко имам воведено млечни производи и може слободно да ги давам?
Како се рачуна воведена белка? Ве читам дека и во кифлички може. Мојов не јаде многу количински. Сум дала производи кои содржат цело јајце, ама пример пола кифличка, неколку лажички кори, мн малку кајгана... Сум ја вовела?
Ве читам палачинки, кајгана, кифлички дека ви јадат децата. Од која возраст тоа? Мојава е 10+ ако не е ептен мазно изблендирано уште се дави. Па јас да и дадам кифличка или палачинка мислам дека ќе се испоудави ко во Вардар да сум ја фрлила
Јас па се нервирам што не можам кашичка, не ги сака никако. Лажица да не види. Некогаш само ако е расположен, може од шмукалчињата да проба неколку пати и толку. Вака со парчиња сум поограничена. Со кашички ми беше полесно. Инаку сега е 12+, а од 8 не ми ги јаде кашичките
Од 7 месеци преминавме на парчиња и јадење сама или модерно на блв Токму поради оваа причина што подоцна транзицијата од мазно на парчиња е мн тешка а и искрено моево бебе се гадеше кога ке и дадев каша и неќеше воопшто да јаде, па почна сама и парчиња.