А што давате на парчиња? Давате од тоа што јадете вие? На пример манџи, мевце, печен компир? Моево е 10 месеци. Со првото направив грешка, дури на пет години пројаде тоа што јадеме ние, а до три и пол години блендиран ручек. Не сакам со ова да ја повторам истата грешка искрено.
Не и давам што јадеме ние, готвам посебно за неа, од причина што јадеме доста зачинета храна. Давам палачинки, мафини, секаков зеленчук и овошје сечкан на парчиња, месо ( ќе почнам ќофтиња да давам од причина што се дави од варено) Јогурти, кисели млека со овошје и сл.
Да од истото, само без сол, или со мн малку. Потоа сол си додаваме. Инаку обожава ориз со стек. Давам и компир варен со кромид и маслиново масло ( од кромидот не давам, ама си добива мирис компирот), манџа со грашак и месо, макарони потпечени, шпагети со сос од брокула, леќа...
Мојата јаде блендирано ама кифличка, лепче, бисквити без проблем грицка. Проблем прави само ако не е мазна кашичката. Пробај со лепче ти давај и ситни парченца.
Ај малку можеби глупаво прашање. Добивме куп кашички со тиква. На некои пишува pumpkin, на некои squash. Нели различни типови на тиква. Кога ќе воведувам со едниот тип се смета воведено или пак за секој тип 2-3 дена?
Имам пишувано тука и по др теми можеби. Со првото беше како по книга. Малку јадеше блендирано, многу брзо почна пасирано со вилушка и на годинка веќе си јадеше како голема. Неа на 7 месеци и давав бисквити и си ги топеше во уста. Затоа ова малово пред месец дена почна палента да јаде и пак со резерва. Не ја може, се дави, останува без воздух. Смоки и дадов лино на два пати мислам дека јас приумрев од што незнаеше да ги јаде. Исто и бисквита. Со цели два заба ја преполови и ќе ја голтала она Јас се мислам дека со ова дете до 3 одд ќе блендирам
Јас искрено не се оптоварував, ова дојде некако спонтано. Од мака што на се сѐ гадеше почнав вака да давам. Се зависи до бебето џабе ние планираме.
Кога почанавте да давате и втора ужина? За прва сум приморана на раб почнав, а некако се мислам малку јадење и е дали дека е џивџан незнам Како ужина деновиве и дава татко и оние од холе или хип како сокчиња што се усври каша со житарка било коа. Таман ли е тоа? И втора шо би и двала ако вечерта е житарка со млечно или оние вечерните каши?
Како дојде до тоа да јаде до 3,5 блендирано? Не судам ич, туку ако сакаш сподели, чудно ми е на таа возраст да нема интерес за парче. Дури ни помфрит, мевце, лебесто нешто? Инаку од парчиња се можеш да дадеш, ама сè. Таа храна што сакаш да ја дадеш пиши ја на гоогле, возраст на бебе и blw на крај, ќе ти даде како да ја сервираш. Почни веднаш со тоа, а во меѓувреме терај со кашите, додека целосно не премине на парчиња. Кај некои бебиња треба време додека да покажат интерес за парче, ама упорност само.
Внукот до 3 годинки јадеше само блендирано. Золва ми долго време од страв да не се задави не му даваше друга форма. Уште мака мачат да пројаде парчиња. Со второто почна пасирано и брзо преминаа на парчиња. Сега внуката на 10 месеци јаде парчиња без проблем, тој уште се дави и од пасирано. Јас кога почнав со дохрана прво тоа ми рече, не ја повторувај мојата грешка.
Мајки освен грамажата дали овие две кашички се исти? Едната е 4+ а другата е 5+ па не знам дали е ради грамажата
Значи дадов урда пржена со жолчка. Од првата лажичка се исподави. За втора несакаше ни да чуе. Јас одам да се гушнам со блендерот
Не се откажувај толку брзо. Утре понуди и пак. Избери некое јадење што го преферира. Денес една лажичка, утре две ќе проба, постепено додека се навикне. Процес е. Ти нуди секој ден. Тоа што им се јавува како гадење е гаг рефлексот и е сосема нормална појава, всушност така се штитат од давење.
Тоа 4+, 5+ се однесува на текстурата на кашичката. 4+ се најмазно блендирани. Јас имав на поклони од кашичките со кајсија и 4+ и 5+, ама дека имаат шеќер јас ги изедов и колку што приметив нема некоја разлика, исти ми изгледаа.
Има некој тестенини без јајца? Сакам да воведам додека сме во мк, ама јајца планирам со пуни 8 месеци да дадам. И каква урда давате?